Учество на Националниот координатор за СНЕ/БТ Борче Петревски на регионална конференција на тема „Закана од насилен екстремизам во Косово и регионот - патот напред“ во Приштина, Република Косово

Националниот координатор за СНЕ/БТ Борче Петревски на 13 март 2019 година учествуваше на регионална конференција во Приштина, Република Косово во организација на Косовскиот Центар за безбедносни студии (KCSS) на тема „Закана од насилен екстремизам во Косово и регионот - патот напред.“

Целта на регионалната конференција беше да се истакнат клучните предизвици во справувањето со насилниот екстремизам и радикализацијата во Косово и во регионот на Западен Балкан, да се посочат новите трендови и закани од насилниот екстремизам и тероризам, како и да се идентификуваат новите регионални чекори во справувањето со феномените - повратниците од странски боишта и следбениците на ИСИС во регионот.

Националниот координатор за СНЕ/БТ Борче Петревски на конференцијата ги претстави имплементираните политики и активности во Република Северна Македонија во делот на превенција од насилен екстремизам, тековните активности како и клучните предизвици на Националниот комитет за СНЕ/БТ за периодот кој следува, при тоа потенцирајќи ја важноста од силна меѓуинституционална, регионална и меѓународна соработка и споделување на добри пракси меѓу клучните чинители во спречувањето на заканите од насилниот екстремизам.