Средба Николоски - Ортиз: Создаваме услови за воспоставување на нови авиолинии меѓу Македонија и Шпанија

Заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски денеска оствари работна средба со амбасадорот на Кралството Шпанија, Рафаел Сориано Ортиз.  
 
На средбата се разговараше за условите и можноста на воспоставување на нови авиолинии меѓу двете земји, притоа вицепремиерот Николоски информираше за владините политики и планови за развој на авиосообраќајот во државата. 
 
Тој потенцира дека новата линија Скопје-Барселона која се воведува од месец мај оваа година, како дел од владината програма за развој, ќе ја зголеми соработката меѓу двете земји, што ќе значи отворање на нови перспективи меѓу двата народи.  
 
Исто така, беше потенцирано дека двата домашни аеродроми имаат доволен капацитет и потенцијал да ги опслужат сите заинтересирани авиокомпании, а Македонија има богата туристичка понуда која може да прими бројни туристи од Шпанија.
 
На средбата,  беа разменети и  мислења и ставови за актуелните политички и економски прашања во земјава и регионот.
 
Двајцата соговорници ги потврдија добрите билатерални односи и се согласија за интензивирање на таквата соработка во дејности од заеднички интерес.