Привремен пункт и мобилни тимови за поддршка на бездомните лица во Скопје
Привремен пункт за поддршка на бездомните лица ќе работи во центарот градско на Скопје се додека температурата е под минус пет степени. Лицата без дом кои не сакаат сместување во текот на ноќта, на новиот пункт во периодот од 20 до 23 часот навечер ќе добиваат чај, супа, кебиња и вреќи, а доколку е потребна и како и медицинска помош. Во истиот термин низ градот ќе патролираат мобилни тимови кои на локациите каде се собираат бездомниците ќе делат чај, супа и кебиња.
- Министерството за труд и социјална политика со поддршка на Црвениот крст поради ниските температури во насока на грижа на бездомните лица воспостави нова мерка, односно овој пункт за бездомни лица кој треба да обезбеди минимум заштита, топла храна како супа и чај, како и кебиња и вреќи за спеиње, изјави министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски, при посетата на новиот пункт.
Според него, пунктот ќе биде функционален секој ден во периодот од 20 до 23 часот навечер за да можат да се стоплат бездомните лица кои гравитираат во централното градско подрачје. - Покрај овој фиксен пункт кој ќе биде поставен се додека според УХМР има значителни минусни температури со поддршка на патролните социјални служби и на волонетрите на Црвениот крст ќе патролираат комбиња во кои исто така ќе биде подготвен чај и супа на околу седум локации во Скопје каде се собираат бездомните лица а кои поради различни причини како заштита на идентификација не сакаат да дојдат на овој пункт и во пунктот на Црвениот крст, најави Ристовски.
Идејата, истакна, е да се обезбеди што е можно поголема заштита на овие лица, кои можеби дел по своја, дел не по своја вина останале без дом.
Црвениот крст, кој од средата отвори 24 часовен пункт за бездомници, во новите активности за поддршка на бездомните лица се вклучува со 18 лица. - Преку овој вид поддршка, психисоцијална и со давање топол напиток, кебиња и вреќи за спиење, сакаме на некој начин патролните социјални служби и волонтерите да воспостават добар контакт со бездомните лица, да ја стекнеме нивната доверба и во наредниот период да креираме одредени програми за да може да ги вратиме во општетсвото, да се чувствуваат корисни и да бидат дел од нашето секојдневие, велат волонтерите на Црвениот крст.
Најголемиот дел, 95 проценти, од бездомните лица на територија на Македонија живеат во Скопје, каде
Црвениот крст и центрите за социјална работа на територијата на Скопје евидентирале 109 лица без дом, кои се 95 проценти од вкупниот број бездомни лица во државата. Услугите на пунктот на Црвениот крст двапати неделно ги користат 80 бездомници во Скопје, а таму ноќеваат по 15 лица.
Министерот Ристовски најави дека и во останатите градови ќе има активности за поддршка на бездомните лица, но со помал интензитет поради помалиот број.