Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев на годинешните средби на Стопанската комора на СР Германија: Економската соработка со Германија ќе расте како резултат на политичката стабилност и економските поволности што како Влада ги овозможивме

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот на владата задолжен за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, одржаа и директни средби со претставници на германските компании за време на посетата на Берлин, на покана на Стопанската комора на СР Германија за источна Европа. 

Премиерот Заев и вицепремиерот Анѓушев дадоа кратки изјави за остварените средби и за разговорите на годинешниот прием на комората коишто беа во насока на економски остварувања на Република Северна Македонија. 

„Сојузна Република Германија е стратешки економски партнер на Република Северна Македонија. Во земјата успешно функционираат околу 200 компании со германски капитал, коишто вработуваат близу 20 илјади лица. Имаме нов рекорд во трговската размена што изнесува над 4 милијарди долари, минатата година, со реални изгледи трговската размена да продолжи да расте. Најдобрите препораки за инвестирање во нашата земја доаѓаат од компаниите што веќе работат во Северна Македонија. Дури 78% од германските инвеститори кои работат во нашата земја покажуваат подготвеност повторно да инвестираат, 48% од компаниите ќе го зголемат својот промет во 2019 година, додека само 15% од нив очекуваат прометот да биде намален, 41% од германските компании очекуваат зголемување на извозот, наспроти 7% кои очекуваат намалување, додека 37% од анкетираните компании имаат во план зголемување на бројот на вработени. Тоа се бројки и показатели кои доволно атрактивно им зборуваат на германските компании да се охрабрат и да покажат интерес. Од наша страна, им пренесовме дека Владата на Северна Македонија натаму останува на нашата определба за раст на поддршката за домашните и странските инвестиции, со буџет повисок за 37% во однос на ребалансот за 2018-та година. Тоа се 37 отсто повеќе пари за: зголемување на конкурентноста на приватниот сектор - преку мерки за нови инвестициони вложувања, мерки за поддршка на извозот и освојување на нови пазари, за поддршка за создавање на нови вработувања, за поддршка на малите и средните претпријатија, за странските инвестиции во технолошко индустриските развојни зони и секако за субвенции за иновативната дејност, технолошки развој и истражување“, рече премиерот Заев. 

Вицепремиерот Анѓушев рече дека дводневната посета на настанот во организација на Стопанската комора на СР Германија резултираше со исполнување на две цели, едната е запознавање на повеќе од 150 германските компании со можностите за инвестиции во нашата земја, другата цел е можноста македонските компании да извезуваат во СР Германија и да соработуваат со германските компании.

„Се надевам дека follow up од овие наши средби во Германија ќе биде сериозен и дека во редот на веќе постојните германски компании кои што работат, функционираат и соработуваат со нашата држава ќе имаме и нови. Мислам дека таквите резултати ќе ги видиме многу скоро и ќе придонесат кон зголемување на економската соработка на нашата држава и Германија која и сега е најголема и изнесува рекордни над 4,3 милијарди долари. Таа соработка ќе се зголемува имајќи ги предвид позитивните информации кои доаѓаат и како политичка стабилност во нашиот регион и нашата земја, но и како економски можности коишто се потрудивме како Влада да ги овозможиме и максимизираме“ рече вицепремиерот Анѓушев.


Премиерот Заев за средбите со претставниците на управните одбори и извршни директори на германските компании: Поттикнавме интерес и очекуваме нов развој на соработката со германското стопанство

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, заедно со заменик-претседателот на владата задолжен за координација со економските ресори, Кочо Анѓушев, одржаа и директни средби со претставници на германските компании за време на посетата на Берлин, на покана на Стопанската комора на СР Германија за источна Европа. 

Во продолжение на ова соопштение, ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Заев како резиме на овие средби, како и на разговорите што беа одржани на годишниот прием на комората посветен на реформите и на економските постигнувања на Република Северна Македонија:

„Благодарение на укажаната чест да бидеме главни гости на Годишниот прием на Стопанската комора на Сојузна Република Германија за источна Европа, денеска имавме прилика да се сретнеме и да разговараме за соработка со претставници на триесеттина германски компании.

Интересот е огромен и тој се должи на неколку значајни фактори.

Како прво, Сојузна Република Германија е стратешки економски партнер на Република Северна Македонија. Во земјата успешно функционираат околу 200 компании со германски капитал, коишто вработуваат близу 20 илјади лица.
Имаме нов рекорд во трговската размена што изнесува над 4 милијарди долари, минатата година, со реални изгледи трговската размена да продолжи да расте.
Најдобрите препораки за инвестирање во нашата земја доаѓаат од компаниите што веќе работат во Северна Македонија. 

Дури 78% од германските инвеститори кои работат во нашата земја покажуваат подготвеност повторно да инвестираат, 48% од компаниите ќе го зголемат својот промет во 2019 година, додека само 15% од нив очекуваат прометот да биде намален, 41% од германските компании очекуваат зголемување на извозот, наспроти 7% кои очекуваат намалување, додека 37% од анкетираните компании имаат во план зголемување на бројот на вработени.

Тоа се борјки и показатели кои доволно атрактивно им зборуваат на германските компании да се охрабрат и да покажат интерес.

Од наша страна, им пренесовме дека Владата на Северна Македонија натаму останува на нашата определба за раст на поддршката за домашните и странските инвестиции, со буџет повисок за 37% во однос на ребалансот за 2018-та година. 

Тоа се 37 отсто повеќе пари за: зголемување на конкурентноста на приватниот сектор - преку мерки за нови инвестициони вложувања, мерки за поддршка на извозот и освојување на нови пазари, за поддршка за создавање на нови вработувања, за поддршка на малите и средните претпријатија, за странските инвестиции во технолошко индустриските развојни зони и секако за субвенции за иновативната дејност, технолошки развој и истражување.

Ги објаснивме поединечно и во детали предностите на Планот за економски раст и за поддршка на инвестициите.

Мешовитиот економско управувачки комитет меѓу Владите на Северна Mакедонија и СР Германија е фокусирам на 3 главни области кои се од интерес на компаниите: Зголемување на соработката во индустриско производство; Изградбата на инфраструктурата; и пренесувањето на позитивните германски практики во однос на практичното, дуално образование. 

Убеден сум дека поттикнавме интерес и очекувам наскоро од овие првични средби наскоро да ги видиме и првите резултати“.