Преземи ја апликацијата МојДДВ и оствари го правото за поврат на 20% за македонски добра и услуги односно 10% за останати добра и услуги од износот на платениот ДДВ

Апликацијата МојДДВ е достапна за преземање за корисниците на Android или iPhone преку следните линкови Play Store / AppStore / AppGallery.

Сите вие кои сте регистрирани на системот е-Персонален данок, преку апликацијата МојДДВ ќе имате можност да гo скенирате баркодот од фискалните сметки и да го остварите правото на поврат на 20% за македонски добра и услуги односно 10% за останати добра и услуги од износот на платениот ДДВ.

Граѓаните кои не се регистрирани, ги повикуваме да се регистрираат на е-Персонален данок и со скенирање на фискалните сметки да го остварат правото на поврат на ДДВ.

Видео инструкции


Преземи ја брошурата