Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“ во рамките на Министерството за одбрана, денеска го објави Конкурсот за запишување на слушатели на стручно оспособување и усовршување на родот авијација за потребите на Армијата.
Упатуваме повик до сите граѓани државјани на Република Северна Македонија кои имаат желба да станат воени пилоти и кои имаат завршено прв циклус на студии (стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС) и не се постари од 28 години да ги достават потребните документи најдоцна до 01 август 2019 година во Воената академија, Касарна „Гоце Делчев“ - Скопје.
Потенцијалните кандидати во процесот на прием и селекција ќе подлежат на проверки на психофизичката способност, познавање на англискиот јазик, проверка - селекција на земја, проверка - селекција во воздух.
Повеќе информации во врска со објавениот Кокурс може да најдете на веб-страниците на Министерството за одбрана, www.mod.gov.mk и на Воената академија, www.ma.edu.mk.