Претседателот на Владата на Република Северна Македонија денеска претседаваше со 159-тата седница на Владата која што се одржа во Битола, како прва седница во низата што во наредниот период ќе се одржуваат во различните региони во државата.
На седницата присуствуваа, и во нејзината работа учествуваа и градоначалниците од пелагонискиот регион, од општините Битола, Прилеп, Крушево, Кривогаштани, Долнени, Новаци, Могила и Демир Хисар.
Во прилог на ова соопштение, ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Заев.
Оваа иницијатива е со цел да бидеме поблиску до граѓаните и до локалната самоуправа. Да бидеме непосредно блиску до нив за да ги слушнеме нивните приоритети и потреби.
Во име на таа цел, на оваа седница, се поканети и градоначалниците од пелагонискиот регион.
Ви благодарам што сте тука вечерва со нас.
Вечерва министрите ќе реферираат за активностите на секој од ресорите во пелагонискиот регион. Знам дека има што да се реферира.
И тука, како и во целата држава се случува градежна офанзива во патната, водоводната и канализационата инфраструктура. За ова воведно излагање, ќе ги издвојам објектите за отпадни води и фекални води во Битола, како и канализационите мрежи во Долнени, Могила, Големо Коњати, Крушеани.
Во Пелагонија имаме завршена и тековна рехабилитација и на патната инфраструктура – тука е патот до Прилепското Езеро, патот Битола – Новаци, патот Битола – Демир Хисар, патот Макази – Ресен, како и железничката пруга Битола – Кременица. Сериозно напредуваме и со гасоводот Неготино-Прилеп- Битола, со процент на реализација до 70 отсто.
Тука во Битола имаме и сериозни инвестиции во здравството – реновирана е итната медицинска помош, реализирани се повеќе вработувања на медицински кадар, вложено е во реконструкции и во нови апарати. И се разбира, и тука во Пелагонија лековите се достапни во секое населено место, за секој граѓанин, во секој ден од месецот, преку мерката за укинување на квотите за лекови.
Кога сме кај здравјето на граѓаните – токму Битола е еден од четирите големи градови за чие население стојат на располагање бесплатни еко инвертери за греење во домаќинствата. До 1000 евра ваучер за секое семејство кое ќе се одлучи да се грее на клима инвертер, а во исто време ќе се откаже од загревање на тврдо или фосилно гориво што загадува. Изразувам уште еднаш благодарност за Електрани на Северна Македонија за поддршката во реализација на оваа мерка, со која влијаеме врз изворите на загадување и со која го штитиме здравјето на граѓаните.
Влогот во населението е влог во човечкиот капитал, почитувани министри и градоначалници. Затоа сме посветени да оставиме градби, објекти и институции кои им служат на граѓаните. Притоа особено вложуваме и во децата. На таа тема, сакам да ги издвојам инвестициите во градинките во Кривогаштани, Кравари, Новаци, Прилеп и Ресен. И она за што сме особено среќни – трансформацијата на домот за доенчиња и мали деца во Битола во пет мали групни домови со што пред време го финализираме процесот на вадење на децата од институциите и нивно сместување во подобри услови во мали домови, со индивидуален пристап кон секое дете.
Сакам да им се заблагодарам на граѓаните на Битола и на Пелагонија за соработката во сите проекти кои тука се реализираат и да најавам дека вложувањето во овој регион ќе продолжи со уште поголем интензитет – ќе направиме се што е потребно граѓаните и младите да ја видат својата шанса во своето место, да имаат мотивација за ангажман, преку соодветно работно место и достоинствена плата.
Им благодарам и на министрите и на градоначалниците за нивните секојдневни напори и за проектите кои заеднички ги реализираме во Пелагонија.
Премиерот Заев во обраќањето на 159-тата седница на Владата во Битола: Влогот во населението е влог во човечкиот капитал и затоа сме посветени да оставиме градби, објекти и институции кои им служат на граѓаните
Сакаме да бидеме уште поблиску до граѓаните и до локалната самоуправа, да ги слушнеме нивните приоритети и потреби, и од тие причини Владата на Република Северна Македонија својата редовна 159-та седница ја одржува вечерва во зградата на Општина Битола заедно со градоначалниците од пелагонискиот регион, од општините Битола, Прилеп, Крушево, Кривогаштани, Долнени, Новаци, Могила и Демир Хисар, истакна претседателот на Владата Зоран Заев, во изјавата за медиумите непосредно пред почетокот на седницата, и додаде дека ова е прва во низата седници што во наредниот период еднаш месечно, ќе се одржуваат во различните региони во државата.
„Во текот на денот, на седницата ѝ претходеа повеќе теренски активности на министрите, замениците министри и на некои од директорите на јавните претпријатија. Денес речиси целата Влада дејствуваше од и во Битола и Пелагонија. И тука, како и во целата држава се случува градежна офанзива во патната, водоводната и канализационата инфраструктура. Во Пелагонија имаме завршена и тековна рехабилитација и на патната инфраструктура – тука е патот до Прилепското Езеро, патот Битола – Новаци, патот Битола – Демир Хисар, патот Макази – Ресен, како и железничката пруга Битола – Кременица. Сериозно напредуваме и со гасоводот Неготино-Прилеп- Битола, со процент на реализација до 70 отсто.
Во обраќањето на почетокот на седницата, премиерот Заев информираше и за инвестициите во здравството, и ги издвои реновираната итна медицинска помош, вработувањата на медицински кадар,како и инвестициите во вложено е во реконструкции и во нови апарати.
Претседателот на Владата на Северна Македонија Заев зборуваше и за мерката за бесплатни еко инвертери за греење во домаќинствата која во првата фаза ќе ја опфати и Битола.
„До 1000 евра ваучер за секое семејство кое ќе се одлучи да се грее на клима инвертер, а во исто време ќе се откаже од загревање на тврдо или фосилно гориво што загадува. Изразувам уште еднаш благодарност за Електрани на Северна Македонија за поддршката во реализација на оваа мерка, со која влијаеме врз изворите на загадување и со која го штитиме здравјето на граѓаните“, рече премиерот Заев.
Тој додаде дека влогот во населението е влог во човечкиот капитал.
„Затоа сме посветени да оставиме градби, објекти и институции кои им служат на граѓаните. Притоа особено вложуваме и во децата. На таа тема, сакам да ги издвојам инвестициите во градинките во Кривогаштани, Кравари, Новаци, Прилеп и Ресен. И она за што сме особено среќни – трансформацијата на домот за доенчиња и мали деца во Битола во пет мали групни домови со што пред време го финализираме процесот на вадење на децата од институциите и нивно сместување во подобри услови во мали домови, со индивидуален пристап кон секое дете“, потеннцираше премиерот Заев во обраќањето на почетокот на седницата на Владата, која вечерва се одржа во Битола во присуство на градоначалниците од пелагонискиот регион.