МЗ: Податоци за состојбата со коронавирусот

Министерството за здравство информира дека на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа 4 пациенти; пациентка од Скопје (79 г), пациент од Велес (58 г), пациент од Прилеп (67 г) и уште еден пациент од Скопје (63 г). 

Денеска во Штип се регистрирани 3 оздравени пациенти од КОВИД-19, кои со лесна форма на болеста се лекуваа во домашни услови.

Во изминатите 24 часа се дијагностицирани 26 нови случаи на КОВИД-19. По градови: Скопје 4, Куманово 11, Прилеп 3, Тетово 4, Велес 2, Кочани 1 и Пробиштип 1. 

Со ова вкупната бројка на дијагностицирани пациенти со КОВИД-19 во нашата земја изнесува 854 лица. Според местото на живеење, досега се регистрирани во:

  • Скопје 316
  • Куманово 211
  • Дебар 49
  • Штип 27
  • Прилеп 75
  • Тетово 37
  • Струга 43
  • Велес 32
  • Битола 9
  • Охрид 4
  • Кавадарци 3 
  • Гостивар 8 
  • Гевглелија 4
  • Струмица 2
  • Крива Паланка 3 
  • Радовиш 4
  • Крушево 3
  • Кочани 22
  • Пробиштип 2

Во изминатото деноноќие направени се 330 теста. Преку ИЈЗ - 317, преку Ветеринарен факултет - 13, Авицена - 9, Биотек - 24 и Филип Втори (Жан Митрев) - 71. Досега во земјата се направени вкупно 8.552 тестирања на КОВИД-19.