Протоколи кои произлегуваат од Планот за намалување на рестриктивните мерки за спречување на ширење на коронавирусот

Во Одлуката за мерки за спречување на внесување и ширење на Коронавирус COVID-19 („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.62/20, 63/20, 64/20, 66/20, 70/20, 72/20, 92/20, 100/20, 107/20, 109/20 и 119/20), во член 1, став 1, во точката 6 по ставот 1 се додава нов став 2 кој гласи:

„Од 13 мај 2020 година може да се отпочне со спортски тренинзи на отворено, исклучиво за поединечни спортови и тенис, со задолжително почитување на Протоколот за тренинг на спортисти во поединечни спортови од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство кој е даден во Прилог број 1 и е составен дел на оваа одлука.“

Во Точката 9 по зборот „клубови“ запирката се заменува со сврзникот „и“, а зборовите „и спортските обложувалници“ се бришат.

По ставот 1 се додава нов став 2 кој гласи:
„Од 13 мај 2020 година, може да отпочнат со работа спортските обложувалници и другите уплатно - исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалниците, со работа и давање на услуги преку штанд/пункт/шалтер, со задолжително почитување на Протоколот за отворање и работа на уплатно-исплатни места на приредувачите на игри на среќа во обложувалници од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство кој е даден во Прилог број 2 и е составен дел на оваа одлука.“

Точката 10 се дополнува со два нови става кои гласат:
„Од 13 мај 2020 година може да се отпочне со работа и работни активности во центрите за едукација, обуки и семинари за возрасни, организации на седници на органи на управување и конференции и академии за едукативни активности, со задолжително почитување на Протоколот за организација на работни состаноци, обуки, курсеви и семинари кој е даден во Прилог број 3 и Протоколот за одржување на седници на органи на управување и конференции од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство кој е даден во Прилог број 4 и се составен дел на оваа одлука.

Од 13 мај 2020 година може да се организираат и реализираат службени патувања на избрани и именувани лица, во странски држави, со задолжително почитување на препораките и протоколите од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство за одржување на потребното растојание и носење на лична заштитна опрема, а заради координација и други работни активности поврзани со мерки за COVID-19 како и поради други итни причини кои не трпат одлагање, без спроведување на овие лица во државен карантин по нивното враќање во Република Северна Македонија.“

Точката 21 се менува и гласи:
„Од 13 мај 2020 година може да отпочнат со работа и работни активности моловите на територија на Република Северна Македонија, со задолжително почитување на Протоколот за отворање и работа на молови од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство кој е даден во Прилог број 5 и е составен дел на оваа одлука.

Угостителските објекти и ресторани во моловите од став 1 на оваа точка кои вршат подготовка и продажба на храна, можат да работат без посета на посетители - гости во објектите и да остваруваат продажба на алтернативен начин (онлајн нарачки, телефонски нарачки и сл) и да вршат достава или да овозможат самостојно подигнување на нарачката надвор од угосителскиот објект или ресторан (преку штанд/пулт)

Точката 24 се менува и гласи:

„Од 13 мај 2020 година може да отпочнат со работа, одржување на настава и спроведување на обуките и испитите во испитните центри од страна на школите за обука на возачи со задолжително почитување на Протоколот за работа на школите за обука на возачи од Комисијата за заразни болести при Министерството за здравство кој е даден во Прилог број 6 и е составен дел на оваа одлука.
 

Член 2
Оваа одлука влегува во сила со денот на објавувањето во „Службен весник на Република Северна Македонија.“
 

Бр.44-2147/12

12 мај 2020 година

Скопје

ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ВЛАДАТА

НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА

Оливер Спасовски

 

 

ПРИЛОГ бр. 1

ПРОТОКОЛ ЗА ТРЕНИНГ НА СПОРТИСТИ ВО ПОЕДИНЕЧНИ СПОРТОВИ


  1. Организацијата на тренинзите е дозволена единствено во спортски објекти кои можат да ги задоволат техничките и сигурносни услови со можност за физичко растојание од 5м помеѓу секој спортист, односно да е обезбеден простор од 20м2 по спортист со организација на тренингот за најмногу 5 лица вклучително и еден тренер со минимален број на технички лица (најмногу две лица)
  2. Во спортскиот објект да се обезбедат сите санитарно хигиенски услови
  3. Да се воспостави евиденција за тренингот со податоци за спортистите, тренерот, асистентот и други лица потребни за тренингот заради лесно следење на контактите
  4. Тренинзите се организираат по претходно направен распоред за време на тренинзи со список на спортисти и тренери
  5. Пред почеток на тренингот се прави термален скрининг и се забранува тренинг на лице со покачена температура и истото се отстранува
  6. Во случај на потреба на здравствен работник на тренингот при близок контакт со здравственото лице мора да се користат заштитни маски, ракавици и визир од страна на здравствениот работник
  7. Спортистите и тренерите доаѓаат на тренинг поединечно со свое возило и опрема и во опрема за тренинг со што се избегнува користење на соблекувалните
  8. Во текот на тренингот се препорачува растојание од 5м помеѓу секој спортист и тренер како минимално растојание
  9. Тренингот да се обавува на отворен простор
  10. По завршување на тренингот опремата за тренинг и реквизитите се дезинфицираат со средство кое е 70% на база на алкохол
  11. Тренинзите во контактните спортови се препорачува секогаш да се одвиваат по принцип „ист спортист со ист тренер“
  12. Секој спортист мора да има сопствено со име обележано шише со напитоци
  13. По завршување на тренингот спортистите и тренерот заминуваат дома поединечно без туширање и без влегување во соблекувалните почитувајќи ги мерките за физичко растојание, еден по еден

Преземи протокол | Shkarko protokollin

 

ПРИЛОГ бр. 2

ПРОТОКОЛ ЗА ОТВОРАЊЕ И РАБОТА НА УПЛАТНО-ИСПЛАТНИ МЕСТА НА ПРИРЕДУВАЧИТЕ НА ИГРИ НА СРЕЌА ВО ОБЛОЖУВАЛНИЦА


  1. Користење на заштитна опрема, маски и ракавици од страна на сите вработени на уплатно-исплатните места.
  2. Одржување на физичко растојание од 2м помеѓу присутните играчи во просторијата
  3. Влез со маски за сите играчи
  4. На масите поставени на уплатно-исплатните места има само по две столчиња
  5. На шалтер присутен по еден играч со растојание од 2м со играчот кој следен чека за уплата
  6. Средства за дезинфекција поставени на влезовите од обложувалниците и на пултовите за уплата
  7. Шанковите во рамките на уплатните места се без можност за послужување на пијалоци
  8. Задолжително редовно вршење на дезинфекција на маси и столици и остаток од инвентар со дезинфекционо средство кое делува на вируси според упатство од производителот
  9. На крајот на смената задолжително механичко чистење и дезинфекција со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини
  10. Редовно одржување на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства

Преземи протокол | Shkarko protokollin

 

ПРИЛОГ бр. 3

ПРОТОКОЛ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈА НА РАБОТНИ СОСТАНОЦИ, ОБУКИ, КУРСЕВИ И СЕМИНАРИ


 

  1. Времетраењето се ограничува на најмногу 6 часа, со задолжителна пауза на секои 2 часа
  2. Пред почеток на средбата, учесниците задолжително да се известат дека доколку имаат респираторни симптоми (температура, кашлица, отежнато дишење) им се препорачува да не присуствуваат
  3. Се ограничува бројот на учесници согласно просторот со цел да се обезбеди задолжително физичко растојание на учесниците од 1,5-2м, но не повеќе од 30 лица
  4. Организаторите, предавачите и учесниците задолжително да носат заштитни маски
  5. Во просторијата задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете
  6. Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол)
  7. Просторијата почесто да се проветрува, по можност за време на часовите и задолжително во текот на паузите
  8. За време на паузите се забранува групирање на присутните
  9. По завршување на настанот, просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција за горни површини
  10. Во просторијата да се обезбеди корпа за отпадоци со капак

Преземи протокол | Shkarko protokollin

 

ПРИЛОГ бр. 4

ПРОТОКОЛ ЗА ОДРЖУВАЊЕ НА СЕДНИЦИ НА ОРГАНИ НА УПРАВУВАЊЕ И КОНФЕРЕНЦИИ


  1. Ограничен број на учесници до максимум 30 лица согласно просторот со цел да се обезбеди физичко растојание на учесниците од 1,5-2м
  2. Учесниците задолжително да носат заштитни маски
  3. Во просторијата задолжително да се обезбеди средство за дезинфекција на рацете
  4. Да се почитуваат општите мерки за повисоко ниво на лична и општа хигиена (зачестено миење на раце или употреба на дезинфекционо средство за раце на база на алкохол)
  5. Просторијата почесто да се проветрува, пожелно за време на часовите и задолжително во текот на паузите
  6. За време на паузите да се забрани групирање на присутните
  7. По завршување на настанoт просторијата да се исчисти и да се дезинфицира подот со средство кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) или 70% алкохол за дезинфекција на горни површини
  8. Во просторијата да се обезбеди корпа за отпадоци со капак

Преземи протокол | Shkarko protokollin

 

ПРИЛОГ бр. 5

ПРОТОКОЛ ЗА ОТВОРАЊЕ И РАБОТА НА МОЛОВИ


 

  1. Ограничено/скратено работното време (10:00-18:00) / затворени во недела
  2. Регулирање на влезот на лица во затворениот продажен центар од страна на овластено лице, така што да не се дозволи групирање на луѓе во ходниците, така што ќе се дозволи по едно лице на 5м²
  3. Ограничување за лицата над 65 години, со можност за пазарување до 12 часот
  4. Задолжително носење на заштитни маски и ракавици на вработените
  5. Задолжително носење на заштитни маски на купувачите
  6. Одржување на физичко растојание меѓу купувачите и меѓу купувачите и продавачите од 1,5-2м
  7. Поставени на јасно видливи места, едукативно-информативни материјали за почитување на заштитните превентивни мерки: носење заштитни маски, одржување на физичка дистанца, редовно дезинфицирање на рацете, правилна респираторна хигиена. Дополнително, преку разглас (на секои 30 минути) информирање на купувачите за почитување на овие превентивни мерки
  8. Регулирање на бројот на купувачи согласно квадратурата на продавницата, на 8-10м² продажен простор, по еден купувач
  9. Задолжително одредено лице од фирмата пред влезот на продавницата да го организира редот и бројот на купувачи
  10. Пред влезот на продавницата обезбедено средство за дезинфекција на рацете
  11. Во продавниците за облека забрането пробување на облека - да се даде можност за пробување дома со можност за замена на купената облека
  12. Доколку на касите за плаќање не може да се обезбеди растојание од 1,5-2м помеѓу продавачот (касиерот) и купувачот да се постави бариера од плексиглас. Доколку има повеќе каси за наплата да се обезбеди растојание од 1,5-2м помеѓу касите во редот
  13. Пред касите да се обележи растојание (место за чекање) од 1,5-2м меѓу купувачите
  14. Засилени санитарно-хигиенски мерки, односно зачестено чистење 4-5 пати во текот на денот со употреба на средство за дезинфекција кое делува на вируси според упатство од производителот, алтернативно може да се користи 0,05% натриум хипохлорит (5% белило за домаќинство кое се користи во размер 1:100) за подот или 70% алкохол за дезинфекција за горните површини
  15. Редовно и зачестено одржување на хигиената на тоалетите со задолжително водење на евиденција за спроведеното чистење и употреба на горенаведените дезинфекциони средства

Преземи протокол | Shkarko protokollin

 

ПРИЛОГ бр. 6

ПРОТОКОЛ ЗА РАБОТА НА ШКОЛИТЕ ЗА ОБУКА НА ВОЗАЧИ


  1. Задолжително користење на заштитна маска од страна на кандидатот и инструкторот при обука на терен со возило
  2. После секоја обука на поединечен кандидат, задолжителна е дезинфекција на внатрешноста на возилото
  3. Организирање на теоретска настава во училница со почитување на мерките за физичко растојание помеѓу клупите од 1,5-2м и задолжително носење на заштитни маски од слушателите и предавачот
  4. Поставени средства за дезинфекција пред влез во училницата и редовна дезинфекција и одржување на хигиената и проветрување по секое одржано предавање
  5. Три лица е максималниот број лица во возилото при спроведување на полагањата на кандидатот со носење на задолжителна заштитна маска на сите лица во возилото

Преземи протокол | Shkarko protokollin