МВР: Во изминатото деноноќие (08/09.06) евидентирани 975 прекршоци за неносење лична заштитна опрема, издадени се 593 решенија за изолација и 308 за самоизолација

Во текот на изминатото деноноќие (08/09.06.2020 година) на територијата на Република Северна Македонија на 593 лица им се издадени решенија за изолација, а 308 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, при што е констатирано дека 6 лица не ја почитувале мерката за изолација и самоизолација.

Исто така по однос на мерката за носење лична заштита на лице регистрирани се 975 прекршоци.