Премиерот Спасовски и министерот Филипче во обиколка на новото крило на ЈЗУ „Општа болница“ - Струмица: Јакнејќи ги здравствените капацитети, вложувајќи во човечките ресурси создадовме систем, кој успешно се справува со кризата предизвикана од коронавирус

Претседателот на Владата Оливер Спасовски, министерот за здравство Венко Филипче, денеска заедно со директорот на Јавната здравствена установа (ЈЗУ) „Општа болница“- Струмица, Наќе Гогов при посетата на болницата, извршија увид и обиколка на новото крило со вкупна површина од 6.000 м2, каде се сместени повеќе специјалистички амбуланти.

Премиерот Спасовски,  истакнувајќи дека со доаѓањето на оваа Влада и Министерството за здравство е финализирана изградбата и опремувањето на Општата болница во Струмица, чија градба е започната уште пред 33 години, подвлече дека многу скоро над 200.000 жители од Струмица и околните општини, Василево, Босилево, Ново Село ќе добиваат поквалитетни здравствени услуги.

Спасовски подвлече дека во новиот крак на болницата, опремен со модерна медицинска опрема, ќе започне работата на Ургентен центар за тријажа на болни, на специјалистичките амбуланти по општа хирургија, пластична и реконструктивна хирургија, ортопедија и урологија и во завршна фаза е довршувањето на одделите по општа хирургија, гинекологија и акушерство офталмологија, оториноларингологија, неонатологија, ортопедија, како и работата на 8 –те оперативни сали со неопходната опрема за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување.

„Минатата година ја најавивме 2020 година, како година на вложување во човечкиот капитал.Затоа ги зголемивме платите на здравствените работници, ги подобривме условите за работа - набавивме нова опрема, но и ги подобривме условите во јавно-здравствените установи.Со тоа создаваме услови граѓаните да имаат пристап до широк спектар на здравствени услуги во своите локални средини, а лекарите и медицинскиот персонал да имаа современи услови за работа за да ја пружат најдобрата здравствена услуга.Покажавме дека сме одговорна влада, која успеа да го рехабилитира цунамито што го затекнавме во здравството и да го зајакнеме здравствениот систем во нашата држава“, рече Спасовски.

Тој подвлече дека здравствената криза од пандемијата со коронавирусот покажа колку е важно здравствениот систем да биде цврст и со зајакнување на здравствените капацитети, во тек е справувањето со ситуацијата, пред сѐ, за да се спасат животи, но и за да се спречи здравствената криза да прерасне во поширока социо-економска криза што во голема мера ќе ги засегне децата и семејствата.

„Од почетокот на кризата со коронавирусот, на секој јавен настап повторувам една работа - вирусот ќе го победиме со многу дисциплина и безусловно почитување на мерките.Само заедно можеме да ја надминеме оваа состојба. Верувам дека од оваа криза ќе излеземе многу посилни и помудри и ќе разбереме колку се важни граѓанската солидарност, поддршката на институциите и меѓусебното помагање“, порача Спасовски, кој додаде дека темпото и континуитетот за зајакнување на здравствениот систем продолжува.

И министерот за здравство Филипче во своето обраќање истакна дека по три години интензивна работа, Струмица добива нов болнички објект и дека тоа го заслужуваат сите, здравствените работници, пациентите и граѓаните, не само на Струмица, туку и на целиот тој регион.

 

„Во оваа модерна болница, изградена со најмодерни материјали, со распоред според најразвиените светски болници, пријатно ќе се чувствуваат и ќе може квалитетна здравствена услуга да даваат здравствените работници, но и врвна медицинска услуга пациентите на коишто им е тоа потребно за многу кратко време и се на едно место. Оваа здравствена криза со која сега во овој момент се соочуваме, а тоа е коронавирусот покажа дека е исклучително важно да имаме модерни болници во којшто може за кратко време пациентите без многу лутање и на едно место да добијат здравствена услуга, а не да се препраќаат во околните болници во другите градови“, потенцираше министерот Филипче.

Тој рече дека Владата интензивно инвестираше во здравствениот систем, пред сѐ во луѓето, во платите, во приемот на нови лекари и медицински сестри, како и во младите лекари.

„Се зголемија платите на лекарите и тие сега изнесуваат помеѓу 80 и 160 илјади денари. Се примија на работа огромен број на лекари и медицински сестри. Издадовме над 5.000 согласности за вработување за само две години. Сите млади лекари добија шанса да работат тука, во здравствените установи во нашата земја. Да имаат платен стаж, да не се дискриминирани за прием по ниту една основа. Со овој интензитет и динамика ќе продолжиме и понатаму, заради тоа што нашите граѓани, нашата држава заслужува да има спремен и модерен здравствен систем, а нашите граѓани место кадешто од врвни експерти ќе добијат врвна здравствена услуга“, посочи министерот Филипче.

Директорот на Општата болница во Струмица, Гогов, на владините претставници им ја покажа новата градба, новиот проширен  дел, давајќи детали за капацитетот на медицинските и дијагностички услуги, кои тука, на едно место ќе бидат овозможени за граѓаните.

Директорот Гогов информираше детално за капацитетот од 85 кревети, од кои најголем дел електрични опремени со централен довод на медицински гасови, секоја соба климатизирана и со туш кабини.

 


Премиерот Спасовски во Струмица: Создадовме квалитетен здравствен капацитет, вложуваме во човечкиот потенцијал, така ќе ги совладаме сите предизвици 

 

Претседателот на Владата, Оливер Спасовски, денеска заедно со министерот за здравство Венко Филипче, присуствуваше во обиколка и увид на современиот модерен здравствен капацитет во рамки на Општата болница-Струмица. При увидот премиерот Спасовски ја истакна важноста на овој капацитет, подвлекувајќи дека до крајот на летото, над 200.000 жители од Струмица, како и од околните општини, Василево, Босилево, Ново Село ќе добиваат поквалитетни здравствени услуги.

Во продолжение, Ви го пренесуваме обраќањето на премиерот Спасовски интегрално: 

„Кога нашата Влада и Министерството за здравство ја презедоа работата за привршување на изградбата и опремувањето на болницата, беа завршени само десеттина проценти од зградата, чија градба започна  пред 33 години. 

За три години работите се завршени до непосредна финализација и наскоро во новиот крак на болницата, на површина од 6.000 квадратни метри, со модерна медицинска опрема, ќе започне работата на Ургентен центар за тријажа на болни, на специјалистичките амбуланти по општа хирургија, пластична и реконструктивна хирургија, ортопедија и урологија.

Во тек се завршните работи на одделите по општа хирургија, гинекологија и акушерство офталмологија, оториноларингологија, неонатологија, ортопедија, како и работата на 8 –те оперативни сали со неопходната опрена за анестезиологија, реанимација и интензивно лекување.

Почитувани,

Минатата година ја најавивме 2020 година, како година на вложување во човечкиот капитал.

Затоа ги зголемивме платите на здравствените работници, гиподобривме условите за работа – набавивме нова опрема, нои ги подобривме условите во јавно-здравствените установи.

Со тоа создаваме услови граѓаните да имаат пристап до широк спектар на здравствени услуги во своите локални средини, а лекарите и медицинскиот персонал да имаа современи услови за работа за да ја пружат најдобрата здравствена услуга.

Покажавме дека сме одговорна влада, која успеа да го рехабилитира цунамито што го затекнавме во здравството и да го зајакнеме здравствениот систем во нашата држава.

Здравствената криза од пандемијата со коронавирусот повеќе од кога и да е покажа колку е важно здравствениот систем да биде цврст. Пред сѐ, за да се спасат животи, но и за да се спречи здравствената криза да прерасне во поширока социо-економска криза што во голема мера ќе ги засегне децата и семејствата.

Во овој период додека е во тек справувањето со оваа ситуација, континуирано вложуваме и во зајакнување на здравствениот систем, додека ги јакнеме и другите системи да бидат поотпорни на кризата.

Има суштинска разлика меѓу првиот и овој бран. Сега имаме ресурси - сериозно надграден здравствен систем во однос на капацитети за сместување, медицинска опрема и знаењата на здравствените работници. Имаме капацитет да се справиме и со актуелниот бран.

Од почетокот на кризата со коронавирусот, на секој јавен настап повторувам една работа - вирусот ќе го победиме со многу дисциплина и безусловно почитување на мерките.

Само заедно можеме да ја надминеме оваа состојба. Верувам дека од оваа криза ќе излеземе многу посилни и помудри и ќе разбереме колку се важни граѓанската солидарност, поддршката на институциите и меѓусебното помагање.

Изборот е наш. Друг излез од оваа состојба, за жал не постои.

Не постои ниту друга алтернатива освен континуитет на соодветни и добри здравствени политики.

Со истото темпо, продолжуваме и понатаму. Оваа година ќе биде запаметена по корона кризата, но и по инвестициите во здравствениот систем и здравственитеработници.

Со низата мерки кои Владата, предводена одСоцијалдемократскиот сојуз, ги имплентира покажавме деканавистина сме на вистинскиот пат. Само со покачени плати, вработувања, максимална грижа за нивна мотивираност ќеги задржиме нашите лекари во јавното здравство.

Достигнавме историски рекордно високи примања наздравствените работници

Заедно со сите зголемувања досега, вклучително и зголемувањата во месец февруари 2020 година, основнатаплата на лекарот специјалист ја зголемивме за 40 %, намедицинските сестри помеѓу 20% и 23% на медицинскитесестри на клиниките. На општите лекари за 25%, а наздравствените соработници за 15%.

Ова беше едно од нашите ветувања, кое го исполнивме.

Ги зголемивме и процентите за исплата на дежурства наздравствените работници и висината на капитациониот бодна матични лекари од општа пракса, гинекологија и стоматологија.

Во изминативе две години, дадовме и повеќе од 5.000 согласности за вработување во здравствените установи. За да имаме силен стручен капитал во здравствениот систем.

На правилниот и на вистински пат сме, и така ќе продолжиме и понатаму.

Јас силно верувам дека ќе избереме да се прилагодиме на новата реалност заштитувајќи го нашето лично здравје, колективното здравје и здравствениот систем.

Новата нормалност значи и организирање на изборен процес согласно здравствените протоколи на надлежните институции, во процес безбеден за граѓаните, за нивното здравје, за сите учесници во изборниот процес.

Само така ќе обезбедиме услови за да биде исполнето демократското право на граѓаните да гласаат на избори за да обезбедиме функционално Собрание и нова, политичка влада.

Институциите имаат капацитет, на денот на гласањето да ги обезбедат сите превентивни мерки за целосна  заштита на гласачите и на сите други учесници во изборниот процес.

Гаранција дека изборите ќе бидат фер и демократски и дека волјата на граѓаните ќе биде легитимна има и од набљудувачката мисија на ОБСЕ и ОДИХР која потврди дека со свои набљудувачи ќе го следи изборниот процес.

На крајот уште еднаш апелирам, да се воздржиме од групирање и да одржуваме дистанца, да сме внимателни и да носиме заштитна опрема и да се грижиме за личната хигиена.