Со изградбата на затворениот пливачки базен и реконструкцијата на кугланата го реализираме повеќегодишното барање и потреба на граѓаните од Битола

Директорот на Агенцијата за млади и спорт, Дарко Каевски, заедно со градоначалничката на Општина Битола, Наташа Петровска, направија увид во градежните активности на затворениот пливачки базен, како и на реконструкцијата на кугланата во спортска сала „Боро Чурлевски".

„Многу сум задоволен од динамиката на градежните активности на овие два проекти на Агенцијата за млади и спорт, затворениот пливачки базен и кугланата. Со заедничка соработка и партнерски пристап помеѓу централната и локалната власт можеме да ги испорачаме очекувањата како на битолчани, така и на сите граѓани на нашата држава" изјави директорот Каевски.

Изградбата на пливачкиот базен е реализација на Агенцијата за млади и спорт на повеќегодишното барање и потреба на граѓаните од Битола. Дополнително, овој базен ќе им овозможи на младите да се занимаваат рекреативно со еден од најздравите спортови, пливањето, но и можност да го изберат како своја професионална определба. Базенот чини 43 милиони денари и е дел од проектот „Изградба на 14 пливачки базени".

Целосната реконструкција на кугланата во Битола ќе овозможи современи услови за тренинг и работа на сите куглари и кугларски вљубеници, како и одржување на национални и меѓународни натпревари во комплетно реновиран, модерен спортски објект.