Обраќање на ЗПВРСМ Дураки по повод годишнина од Охридскиот Рамковен Договор

Почитувани граѓани на Република Северна Македонија, 

Почитувани пријатели од меѓународната заедница, 

Поради пандемијата, поставувајќи го здравјето на граѓаните како највисок приоритет, оваа година се определивме за овој начин да ја одбележиме 19 годишнината од потпишувањето на Охридскиот Договор. 

Овaa годишнина има една уникатна карактеристика, поради фактот што како држава сме дел од НАТО, и токму поради тоа постигната е главната цел од Рамковниот Договор а тоа беше: прекинот на конфликтот од 2001 година и создавање на постојана безбедност на нашата земја. 

Оваа годишнина е поинаква и поради фактот што се реализира и една друга визија, а тоа е зачленувањето во големото семејство на западната демократија:  

Зачленувањето на нашата земјата во Европската заедница. 

Самиот конфликт од 2001 година, произлезе како резултат на предрасудите и нееднаквоста насочени кон Албанската заедница и кон останатите заедници. Република Северна Македонија, од нејзината независност ја пропушти можноста да стане држава еднаква за сите нејзини граѓани. 

И покрај фактот што имавме легитимни претставници во Парламентот, секоја иницијатива за подобрување на состојбата на етничките заедници, имаше еден и единствен исход:

Со надгласување. 

Охридскиот Договор создаде уставни механизми за подобрување и надминување на таа состојба:  

  • принципот на Бадинтер, 
  • употребата на јазиците, симболите,  
  • високото образование на мајчин јазик,  
  • интеграцијата во државните институции и итн. 

Добивањето на датумот за започнување на преговорите за зачленување во ЕУ, претставува големо заокружување на интеграционите процеси. 

Се разбира, оваа мисија не ќе беше целосна, доколку овој процес не се одвиваше паралелно со внатрешните интеграции. Албанците и останатите етнички заедници успешно се интегрираа во безбедносните органи, како што се полицијата и армијата. 

Тие успешно раководеа со државните институции, докажувајќи притоа дека поседуваат високи познавања и култура. 

И покрај тоа што постојат голем број на ставови и мислења за имплементација на Рамковниот Договор, фактите неприкосновено говорат во прилог на нејзината успешна реализација. 

Говориме за коренити промени а не за имагинарни желби. 

Споредбите на состојбите, пред и после 2001 година, всушност и се неизводливи, поради фактот што станува збор за големи разлики. 

Почитувани граѓани,  

Денес се наоѓаме во една друга развојна фаза. Се наоѓаме во онаа есенцијалната фаза, имплементацијата на духот на Рамковниот Договор – тоа е соживотот! 

Притоа треба да се потпреме во заемната почит и заемното познавање на еден со друг. 

Треба да се посветиме да го научиме јазикот, културата и традициите меѓусебно.  

Треба да се фокусираме кон искоренувањето на предрасудите и меѓуетничката омраза. 

Подобрувањето на меѓуетничките односи, останува главен предизвик за нашата иднина! 

Нашите сограѓани, на крај треба да разберат - со какво извонредно богатство од разноликост располагаме и тоа поносно да го претстават како додатна вредност на Република Северна Македонија во НАТО и ЕУ. 

Западниот свет е создаден од голем број на народи и сплотеност на разни култури, коишто впрочем ги претставуваат основните вредности на нивната егзистенција. 

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците, Владата на Република Северна Македонија како и сите останати институции треба и понатаму посветено да продолжиме да работиме за демократизацијата на земјата, во насока да се создадат соодветни услови за еднакви можности за сите граѓани. 

Неуморно се ангажираме кон создавање на поволна клима како за внатрешниот развој така и за меѓународната соработка. На крајот на краиштата, тоа е и наша задача како лидери на овие процеси. 

Низ сиве овие години, го дадовме максимумот со цел на нашите деца да им овозможиме да растат во една стабилна држава, во една држава интегрирана во Европската Унија и НАТО. 

Нашите пријатели од меѓународната заедница, секогаш не поддржуваа низ сите процеси, исто така и сега по повод создавањето на оваа ново Министерство, кога ни е потребна нивната помош. Особено изразуваме голема благодарност кон Соединетите Американски Држави и кон земјите членки на Европската Унија, за големата помош дадена од нивна страна. 

Длабоко сме убедени дека тие со нивното искуство и знаење и понатаму ќе не подржат низ овој правичен пат. 

Оваа држава е во вистинскиот пат, сега секој од нас треба вредно,  посветено и максимално да ја одработи својата задача, кон создавањето на една европска и економски развиена земја. 

Драги пријатели, 

На крај, сакам да им се заблагодарам на сите оние коишто допринесоа за да се потпише овој историски документ, и на сите оние коишто се ангажираат во насока на практичното оживување на овој договор којшто ја демократизираше земјата и со тоа го отвори патот кон евро – атлантските интеграции. 

Повторно, во овие услови на пандемија, Ви посакувам добро здравје, со надеж понатаму да бидете внимателни и да ги почитување сите мерки предвидени за заштита од овој вирус.  

Ви благодарам за вниманието!