Министерот Беџети се сретна со холандската амбасадорка Маријет Шурман
Министерот за правда Блерим Беџети денеска имаше работна средба со делегација на Кралството Холандија предводена од амбсадорот Маријет Шурман.
Беџети и Шурман изразија задоволство од досегашната билатерална соработка во областа на правосудството и се заложија за нејзино продолжување особено во спроведувањето на активностите поврзани со борбата против корупцијата и реформите во медиумската сфера, на полето на слободата на изразување.
Министерот ја запозна холандската делегација со најновите активности што ги презема во повеќе области посебно во доменот на декриминализација на клеветата и навредата и слободата на изразувањето и медиумите.
На средбата беше заклучено соработката да продолжи и од аспект на техничка помош која Република Македонија ја добива од Кралството Холандија. Оваа држава, беше речено, и натаму ќе го негува партнерскиот однос во процесите на македонското евроинтегрирање.