Јавен повик за доделување финансиска поддршка на естрадни уметници

Институција која огласува: 
Влада на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
25.05.2021

Врз основа на Законот за извршување на Буџетот на Република Северна Македонија за 2021 година и во рамки на шестиот пакет економски мерки за закрепнување на македонската економија и за излез од КОВИД-19 економската криза, а Согласно Програма П – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата, потпрограма П1 – Мерки за справување со КОВИД-19 кризата, Влада на Република Северна Македонија – Генерален Секретаријат објавува:

ЈАВЕН ПОВИК
ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ЕСТРАДНИ УМЕТНИЦИ

1. Предмет

Предмет на финансиската поддршка на естрадните уметници е еднократна исплата на финансиски средства во нето износ од 30.750 денари по лице.

Јавниот повик за доделување финансиска поддршка на естрадните уметници има цел да обезбеди финансиска поддршка на естрадни уметници кои поради влијанието на Пандемијата во текот на 2020 година биле спречени да обавуваат дејност.

2. Право на учество

Право на учество на јавниот повик имаат сите естрадни уметници кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход понизок од 15.000 денари.

На повикот немаат право на учество:

  • Лица кои на 31.12.2020 се корисници на пензија;
  • Лица кои во текот на 2020 година биле во редовен работен однос;
  • Лица корисници на социјална помош од програмите за поддршка на социјално ранливите категории на Министерството за Труд и Социјална Политика.

3. Образец за аплицирање 

Естрадните уметници до Владата на Република Северна Македонија - Генерален секретаријат доставуваат ПРИЈАВА на образец кој е составен дел на овој јавен повик.

4. Оценување на пристигнатите пријави:

Комисија формирана од Генерален Секретаријат и Министерство за Култура ќе ги разгледува поднесените барања и ќе изготви извештај од евалуација, и пресметка за исплата на усвојување до Владата на Република Северна Македонија. Барањата кои нема да ги содржат потребните податоци согласно овој јавен повик, ќе се сметаат за некомплетни и нема да се разгледуваат.

Владата на Република Северна Македонија во рок од три дена од денот на усвојувањето на конечната листа, на својата веб страница ќе ја објави листата на естрадни уметници кои го оствариле правото на финансиска поддршка согласно овој јавен повик.

5. Начин и рок за аплицирање 

Пријавата се доставува во еден оригинален примерок потпишан од страна на естрадниот уметник, како и изјава со која подносителот на пријавата прифаќа целосна морална, материјална и кривична одговорност за точноста на податоците наведени во пријавата.
Во прилог на пријавата треба да се достави: 

  • Годишна Даночна Пријава за 2020 година

Пријавата се доставува во затворен плик преку пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија – Генерален секретаријат, бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје или преку предавање во архивата на Владата секој работен ден од 08:00 до 16:00 часот.

На предната страна на пликот во горниот лев агол да пишува „НЕ ОТВОРАЈ”, а под тоа „ЗА ДОДЕЛУВАЊЕ ФИНАНСИСКА ПОДДРШКА НА ЕСТРАДНИ УМЕТНИЦИ”

Пријавите кои не се доставени во рокот утврден во овој јавен повик, кои не се пополнети на образецот кој е составен дел од овој јавен повик и кои се нецелосно пополнети, односно кои не ги содржат потребните податоци од овој јавен повик, нема да бидат разгледувани.
 
Рокот за поднесување на пријавите е најдоцна до 25 мај 2021 година, 16:00 часот.