Премиерот Заев ќе се обрати по повод промоцијата на „Филип Морис-Тутунски комбинат Прилеп“ за реалокација на Центарот за корисничка поддршка од Атина во Скопје
Ве известуваме дека денеска, 23.9.2021 година (четврток), во 12:30 часот на покана на компанијата „Филип Морис - Тутунски комбинат Прилеп“, премиерот Зоран Заев ќе се обрати на промоцијата, по повод реалокација на Центарот за корисничка поддршка од Атина во Скопје со што се отвораат нови работни места.
На настанот ќе присуствува и вицепремиерот за економски прашања и координација на економските ресори, Фатмир Битиќи. Свои обраќања ќе имаат и генералниот директор на ФМТКП, Иван Костиќ, како и главниот извршен директор на „Телеперформанс' - Германија, Миxел Шмит.