Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, се сретна со Георг Вуцас, амбасадор на Република Австрија во нашата држава.
На состанокот е изразена силна поддршка од Република Австрија за европерспективите на Република Северна Македонија.
Воедно, поздравена е новата динамика во преговорите помеѓу Република Северна Македонија и Република Бугарија.
Премиерот Ковачевски се заблагодари за пријателската и принципиелна поддршка што ѝ ја дава Австрија на Северна Македонија во сите области.
„Република Австрија е стратешки економски партнер на нашата држава и голем пријател и поддржувач на демократските и интеграциските процеси на нашата држава. Продолжуваме да ги унапредуваме билатералните односи помеѓу двете држави. А на планот на евроинтеграциите посветени сме на изнаоѓање решенија во духот на европските вредности“, рече премиерот Ковачевски.