Груевски: Состојбата во економијата во Македонија во услови на европската криза не е сјајно, но е добра
Состојбата во економијата во Македонија според премиерот Никола Груевски во услови на европска должничка криза и рецесија во ЕУ не е сјајна, но е добра. Имаме, вели, стабилна макроекономска политика, цврста стабилност на валутата, највисоко ниво на девизни резерви, низок долг.
Според премиерот, кога во Европа има криза, не може кај нас да биде сјајно, но може да се извлече максимум што може да се направи во една ваква исклучително тешка ситуација.
- Живееме во време на должничка европска криза и рецесија во ЕУ, која е наш главен пазар каде изезуваме 60 проценти од вкупниот извоз и 30 проценти во околните места. Во една таква ситуација состојбата иако не е сјајна, таа е добра. Имаме стабилна макроекономска политика, цврста стабилност на валутата, највисоко ниво на девизни резерви, имаме низок долг кој е околу 26 отсто и е четврт најнизок долг во Европа што меѓу другото е резултат на здравите економски политики на Владата кои не само што не одеа кон презадолжување, туку одеа и кон предвремено раздолжување на земјата, изјави премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по пуштањето во употреба на нова клучка за пристап до аеродромот „Александар Велики“.
Тој додаде дека Владата континуирано го мониторира процесот и состојбите во економијата и оти размислуваме за нови мерки, предлага нови мерки и постојано е во тек со најновите случувања.
Премиерот посочи дека во едно такво опркужување не случајно и Меѓународниот монетарен фонд проценува дека Македонија ќе има најверојано највисок раст во регинот.