Министерот Беџети се сретна со евроамбасадорот Аиво Орав
Реформските активности на Министерството за правда во изминатиот период и активностите за претпристапниот дијалог на високо ниво, беа тема на денешната средба на министерот за правда Блерим Беџети со шефот на Делегацијата на Европската унија во Република Македонија, Аиво Орав.
На средбата, како што соопшти Министерството за правда, Беџети го истакнал задоволството од активностите кои се одвиваа околу претпристапниот дијалог и нивото на дијалогот. Тој ја нагласил потребата од зголемување на напорите за правична застапеност при изборот на судии и јавни обвинители.
Министерот Беџети изразил задоволство од досегашната поддршка, помош и соработка упатена од Делегацијата на Европската унија во проектите важни за реформа на правосудниот систем, а амбасадорот Орав изразил уверување за натамошно продлабочување на соработката.