РEK Битола го удвои производството на струја, Блок 1 е приклучен на мрежата

РЕК Битола двојно го зголеми капацитетот за производство на струја откако синоќа во 22:51 часот Блок 1 е синхронизиран со електроенергетскиот систем на земјава.
  
Постројката е повторно во функција после 23 дена ремонт и заедно со Блок 2 испорачуваат електрична енергија. Ремонтот, кој обично трае 45 дена и повеќе, завршен е во рекордно краток рок, пред се благодарение на вработените во РЕК Битола и на ангажманот на исклучиво домашни фирми.
  
Согласно Планот за производство и во непроменети околности, РЕК Битола треба да продолжи да работи со два блока до почетокот на ноември. Откако ќе биде монтиран новиот трансформатор на Блокот 3, во краткотраен ремонт треба да влезе и Блок 2 со цел да се зголеми доверливоста и стабилноста на капацитетот во екот на грејната сезона.
  
АД ЕСМ во моментов ги задоволува потребите за струја на домаќинствата и малите потрошувачи исклучиво од сопствено домашно производство.