Ковачевски: Искрени честитки за македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова за освоениот златен медал

Премиерот Димитар Ковачевски, упати честитки до нашата параолимпијка Оливера Наковска Бикова од Битола која го освои златниот медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин и титулата светски шампион во дисциплината „П4-пиштол слободен избор“ кое се одржува во Обединетите Арапски Емирати.

Во продолжение честитката на премиерот Ковачевски:

„Искрени честитки за македонската параолимпијка Оливера Наковска Бикова за освоениот златен медал на Светското првенство во стрелаштво во Ал Аин и титулата светски шампион. На Оливера и на сите параолимпијци им посакувам успеси и во иднина. Вие сте нашата гордост, пример како се бранат македонските бои  и најголем промотор на Република Северна Македонија во светот“, истакна Ковачевски во честитката на социјалните медиуми.