Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, се сретна со Дирк Јан Коп, амбасадор на Кралството Холандија во нашата држава.
На состанокот заменичката на претседателот на Владата Грковска ги поздрави активностите на Кралството Холандија за градење на силна мрежа за сајбер безбедност, и се заблагодари за поканата на холандската амбасада, Северна Македонија да се приклучи кон GFCE- глобалниот форум за сајбер експертиза.
Владата со сите министерства и институции кои се посветени на оваа област, ќе се вклучат во работните групи на GFCE, како и ќе се претстават можностите на оваа мрежа пред компаниите во Северна Македонија кои работат на оваа тема.
Сајбер безбедноста е клучен елемент во одбраната на секоја држава и од исклучително значење за Република Северна Македонија е зајакнување на сајбер безбедноста и сајбер отпорноста, и заедно со меѓународните партнери ќе продолжиме силно да работиме и да се развиваме на оваа тема, за да ги достигнеме ЕУ стандардите на сајбер безбедно општество, штитејќи ги граѓаните и државните системи од сајбер напади.