Првиот потпретседател на Владата на Северна Македонија и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, заедно со министрите Бујар Османи и Јетон Шаќири, денес беа пречекани од градоначалникот на општина Липково, Еркан Арифи и пратениците од оваа област Арбер Адеми и Берат Дехари за да извршат непосреден надзор над реализацијата на значајните инфраструктурни проекти за жителите од овој крај, кои ја имаа поддршката од Владата.
Посетата на општина Липково ја започнаа во село Отља, каде одблиску извршија надзор над завршениот процес на асфалтирање на локалниот пат во должина од 2 километри, инвестиција која достигна вредност од 190.000 евра обезбедена од Бирото за неразвиените подрачја и општина Липково.
Друг проект кој од денес започнува со реализација е “Реконструкцијата на локалниот пат од гробиштата на село Липково во правец на ресторан “Фрескиа“. Средствата за негова реализација во износ од 795.000 евра се обезбедени од Светска банка преку Министерството за транспорт и врски, а проектот ќе опфати регулирање на атмосферската мрежа, тротоарите, јавното осветлување, изградба на заштитниот ѕид и целосното асфалтирање на патот.
Првиот потпретседател на Владата, Артан Груби му честита на првиот човек на општина Липково и неговиот тим за нивната посветеност да бидат во ефикасна служба на потребите на жителите, посака прогресивно продолжување на соработката на општината со Владата кон ефикасно исполнување на програмските цели за реализација на проектите за поквалитетен живот.