Премиерот Ковачевски на претстава во изведба на деца од социјално ранливи категории семејства

Денеска, 21 декември во Театарот за деца и младинци, Скопје, премиерот Димитар Ковачевски заедно со министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска, министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска и претставничка од Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија присуствуваа на претставата „Писмо за Дедо Мраз” во изведба на детското драмско студио Неверленд.

На претставата присуствуваа и деца од центрите за лица со попреченост од целата територија на државата, од згрижувачки семејства, дневните центри и деца од социјално ранливи категории семејства.


По завршувањето на претставата премиерот и министерките заедно со Дедо Мраз доделија новогодишни пакетчиња на сите присутни деца.

Целта на овој настан е да се подигне свеста за децата со попреченост и децата од социјално ранливи категории на семејства, како и да се подигне предновогодишниот дух на оваа група на дечиња.