АД ЕСМ на 23.12.2022 година произведе 18.835 MWh електрична енергија, со што целосно ги задоволи потребите на домаќинствата и малите потрошувачи.
Во Термоелектраните произведени се 12.632 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 6.203 MWh.
Во изминатото деноноќие преку ЕСМ Продажба набавени се 1.120 MWh електрична енергија. Тоа е електрична енергија наменета за болници, училишта, јавни претпријатија, капацитети од прехранбената индустрија и објекти од виталната инфраструктура во државата.
* Податоците се преземени од Диспечерски извештај на АД ЕСМ за 23.12.2022 година