Еднодневна обука за ориентација во работните активности на „Центрите за дијаспора„ на локално ниво

По потпишувањето на договорите за соработка во областа на дијаспората помеѓу Владата на Република Северна Македонија и општините, следен чекор е обука која ќе ги насочи вработените во овие канцеларии кон ефективно извршување на новите задачи во ефективно извршување на новите задачи и поттикнување на координирана соработка помеѓувработените од сите општини кои учествуваат во овој проект и вработените од Министерството за информатичко општество и администрација кои ќе соработуваат со нив, како и останатите претставници на институциите вклучени во Договорот помеѓу Владата на РСМ и општините, и во Националната стратегија за соработка во областа на дијаспората.
На иницијатива на Министерот задолжен за дијаспора д-р Џемаил Чупи, а во соработка со Меѓународна Организација за миграции - Скопје и МИОА, денеска во просториите на хотел Double Tree by Hilton, се одржа еднодневна обука за ориентација во работнитеактивности и јакнење на капацитетите на институциите во полза на дијаспората.