Прес-конференција на министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за млади и спорт на Република Турција, Мехмет Муарем Касапоглу
Ве известуваме дека министерот за економија Крешник Бектеши и министерот за млади и спорт на Република Турција Мехмет Муарем Касапоглу, на 02.02.2023 година (четврток) во Свечената сала на Владата ќе ја одржат Шестата седница на Мешовитата комисија за економска соработка помеѓу Северна Македонија и Република Турција.
По завршување на Седницата двајцата министери ќе одржат прес-конференција во Прес-центарот на Владата со почеток во 12:00 часот.
Календар Влада:
Четврток, Февруари 2, 2023 - 12:00 to 13:00