Владата ќе одржи седница, на покана на премиерот Ковачевски ќе се обрати амбасадорката на Кралството Шведска
Владата на Република Северна Македонија, денеска, 07.03.2023 година (вторник), ќе одржи седница.
На покана на премиерот Димитар Ковачевски, на почетокот на седницата ќе се обрати амбасадорката на Кралството Шведска, Ами Ларсон Јаин, која пред претставниците на Владата ќе направи осврт на приоритетите и актуелностите на шведското претседателство со Советот на ЕУ.
За заклучоците и одлуките од владината седница, јавноста ќе биде информирана по завршувањето.
Календар Влада:
Вторник, Март 7, 2023 - 00:00 to 23:45