Одобрен Планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“ за периодот 2022-2031

По долготрајни но плодотворни консултации на експертско ниво, донесен и одобрен е    Планот за управување со Националниот парк „Шар Планина“, за периодот 2022-2031 година.

Во овој транспарентен процес беа вклучени околу 70 експерти, при што учество земаа околу 30 претставници на различни заинтересирани страни.

Планот за управување ќе биде алатка за новото Јавно Претпријатие Национален Парк „Шар Планина“, за обезбедување на заштитата на биолошката разновидност и зачувување на дивиот свет во паркот, но исто така и за подобрување на благосостојбата на локалното население, преку создавање зелени работни места и подобрување на зелената инфраструктура и услуги. Затоа остануваме посветени на целиот овој процес бидејќи, идентификуваните природни и социо-економски вредности нема да значат многу, доколку не знаеме да ги цениме и да обезбедиме одржливо управување. По донесувањето и одобрувањето на  планот за управување, го насочуваме нашиот  фокус кон заедничката цел, одржливо управување на Шар Планина со нејзините бројни еколошки, социјални и културни вредности.

Донесувањето на планот е резултат на успешната соработка помеѓу Регионалната канцеларија за Источна Европа и Централна Азија (ECARO) на IUCN, Министерството за животна средина и просторно планирање (МЖСПП), Програмата за животна средина на Обединетите нации (UNEP) и Јавната Установа Национален парк „Шар Планина“ .

Ја изразуваме нашата благодарност до  сите инволвирани страни, домашните и странските експерти за нивниот ентузијазам и огромната поддршка во овој долг процес.

Заедно остануваме посветени на заштитата на Шар Планина.