Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, денеска беа во посета на компанијата „Левидиагро ДООЕЛ“ од Кочани, специјализирана за откуп, преработка и пласман на ориз.
За време на посетата, на премиерот Ковачевски и директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Бачовски им беше презентиран процесот на работа на компанијата, која е извозно ориентирана.
Компанијата „Левидиагро ДООЕЛ“ од Кочани се квалификува како корисник на владините мерки во рамките на Програмата за рурален развој за поддршка на откупувачите и преработувачите на бел ориз при трошоците за амбалажа и за откуп наменет за извоз.
„Владата е во секојдневна комуникација со стопанството, со граѓаните, сè со цел да креираме навремени и таргетирани мерки кои ги носиме и на дневна основа како што можете да се уверите. Будно ја следиме состојбата уште од првиот ден на енергетската криза, која очекувано беше дека ќе предизвика и ценовен раст на храната. Нашата цел е да го заштитиме стандардот на граѓаните, но истовремено и ликвидноста на компаниите. За нас се сите важни, и граѓаните и стопанството.
Дека мерките што ги носиме се исправни покажуваат и фактите што се пред нас, што неколку месеци наназад, поточно последните три, инфлацијата опаѓа. Сметам дека ќе ја намалиме на едноцифрена бројка во наредните месеци, а ако трендот на намалување продолжи и во наредните месеци и по летото, можно е да одиме и под 7.1%“, изјави премиерот Ковачевски, при посетата на компанијата „Левидиагро ДООЕЛ“ од Кочани.
Притоа, премиерот Ковачевски потенцираше дека се направени корекции на цените на зеленчукот и овошјето, чии цени беа замрзнати или намалени претходниот период, сè со цел да се најде баланс и во интерес на сите засегнати. Премиерот Ковачевски најави дека контролите на инспекциите во врска со цените и пласманот на прехранбените продукти ќе продолжат, а дека ќе се носат мерки за непречено снабдување на граѓаните.
Премиерот Ковачевски се осврна и на мерките за поддршка на нашето производство на храна.
„Конкретно за производството на ориз, за 300 отсто ги зголемивме субвенциите за производство на ориз. Денес имаме највисока историска откупна цена на оризот којашто се движи од 36 и 38 денари за откупен килограм. Навремено ги исплативме субвенциите за полјоделците и за 2.364 производители на ориз, а добија и зелена нафта со зголемен износ од 1.600 денари по хектар. Воведовме посебна мерка за набавка на комбајни за жнеење на ориз, како и мобилни сушари за ориз. Воведовме нова мерка од Програмата за рурален развој, со која им помагаме на откупувачите и преработувачите на бел ориз да го зголемат извозот и да ги намалат трошоците за амбалажа којашто е мерка воведена прв пат во нашата држава. Оризовата арпа достигна највисока рекордна откупна цена која се движи од 36 до 38 денари и вчера се исплатија 32 милиони денари (520.000 евра) кон 1.036 оризопроизводители за дополнителните три денари по килограм за произведена и предадена оризова арпа во преработувачки капацитет“, истакна премиерот Ковачевски, додавајќи дека ова се мерки за вистинска грижа во услови на криза.
Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски изјави:
„Поддршката за оризопроизводителите и оваа година ја исплативме навремено и неселективно. Во февруари се исплатија субвенциите за полјоделски култури, меѓу кои и оризот пришто со поддршка се стекнаа 2.364 оризопроизводители.
Дополнително, со вчерашната исплата за предадена оризова арпа во период од 16.12.2021 - 30.6.2022 година, се заокружи поддршката за реколта 2021, каде над 1.000 земјоделци кои предале оризова арпа, добија поддршка од над 90 милиони денари“.
Сопственикот и управител на „Левидиагро ДООЕЛ“ од Кочани, Јашар Ахмет Озкул се заблагодари за посетата на премиерот Ковачевски, истакнувајќи дека компанијата располага со најсовремена технологија.
„Како турска инвестиција, ние сме во близок контакт со ТИКА, која воведе современи турски сорти на семе од ориз, и со Канцеларијата на „TMO Earth Products“, државна компанија одговорна за чување државни резерви и за набавки за регулирање на цените на зрнести производи. Наша цел е да ја искористиме понудата од 8.000 тони што претходно ја потпишаа владите на Северна Македонија и Турција за увоз без царина на македонскиот ориз во Турција. Волонтираме да бидеме контактна точка меѓу Турција и Северна Македонија во сите сегменти во врска со оризот“, нагласи сопственикот Јашар Ахмет Озкул и додаде:
„Оваа Влада направи неколку работи за да ги подобри придобивките на земјоделците и на оризопроизводителите. Давањето субвенции по килограм официјално продаден ориз на фабриките и субвенционирањето на пакувањето на извозениот ориз се дел од неодамнешните големи мерки што ги презема оваа Влада. Згора на тоа, оризопроизводителите годинава оризовата арпа ја продаваат по цени од 35-39 денари. Сигурен сум дека Министерството и другите релевантни институции ќе продолжат да прават повеќе за да продолжат да помагаат на оваа стара индустрија да расте“.
Изјава на премиерот Ковачевски за посетата на компанијата „Левидиагро ДООЕЛ“ - Кочани
„Задоволство ми е што денеска сме во кочанскиот регион, познат по производството на нашиот традиционален производ - оризот. Токму и компанијата каде што сме сега, „Левидиагро“ од Кочани, цели осум години бележи успех на полето на откуп, преработка и пласман на ориз, како во држава, така и надвор од неа.
Низ разговор со вработените и со менаџментот на компанијата- турска инвестиција, ме уверија дека успешно работат и дека овој квалитетен производ се продава не само во нашата држава туку и на извозните пазари од САД, Австралија, Скандинавија, ЕУ и нормално земјите од регионот многу успешно. Заради квалитетот на производот, заради успехот што го направиле, компанијата секојдневно освојува нови пазари надвор од земјата.
Тоа се должи на нивниот влог во вработените, за кои редовно обезбедуваат плати, а во исто време и ги подмируваат сите давачки кон државата. За нив, со доброто менаџирање, успехот е, се разбира неминовен.
Владата е во секојдневна комуникација со стопанството, со граѓаните, се со цел да креираме навремени и таргетирани мерки кои ги носиме и на дневна основа како што можете да се уверите. Будно ја следиме состојбата уште од првиот ден на енергетската криза, која очекувано беше дека ќе предизвика и ценовен раст на храната. Нашата цел е да го заштитиме стандардот на граѓаните, но истовремено и ликвидноста на компаниите. За нас се сите важни, и граѓаните и стопанството.
Дека мерките што ги носиме се исправни покажуваат и фактите што се пред нас, што неколку месеци наназад, поточно последните три, инфлацијата опаѓа. Сметам дека ќе ја намалиме на едноцифрена бројка во наредните месеци, а ако трендот на намалување продолжи и во наредните месеци и по летото, можно е да одиме и под 7.1%.
Ја замрзнавме цената на лебот, оризот, јајцата, на дел од тестенините и млечните производи. Онаму, каде што имаше потреба, како кај зеленчукот и овошјето, направени се корекции, се со цел да се најде баланс и во интерес на граѓаните и компаниите.
Да појаснам, со вчерашната одлука на Владата, а по консултациите со увозниците на овошје и зеленчук и со претставници од Стопанската комора на Северна Македонија кои ги имавме минатата недела и согласно доставените податоци и од Царинската управа, утврдивме зголемување на увозните цени и над 30%, посебно кај доматите, краставиците и кај гравот.
Контролите на инспекциите и надлежните институции ќе продолжат и во наредниот период и секако дека државата ќе носи мерки кои што ќе обезбедат снабдување на граѓаните непречено и тоа по цени кои што овозможуваат цени кои се соодветни за пазарот а истовремено нема да овозможат остварување на екстра профити за одредени компании. За таа цел Управата за јавни приходи, Царинската Управа, Државниот пазарен инспекторат заедно со Министерството за економија, направија низа на проверки во 20 големи увозници при што наодите кои ги имаат таму увидено, тие ќе ги соопштат на соодветен начин согласно фактите кои ги имаат најдено.
Оваа криза не погоди сите и мора да бидеме солидарни во овој период, затоа објективно ја следиме состојбата и се реагира согласно потребата во однос на пазарот.
Во оваа прилика би сакал да истакнам дека земјоделците, производителите, ја имаат нашата поддршка, тука се и Платежна агенција, Министерството за земјоделство и сите институции кои работата во областа на земјоделството , кои нудат мерки, субвенции и програми за зголемување на домашното производство и конкурентноста на домашните производи. Во услови на криза, заедно со сите други мерки, се носеа и програми за поддршка на нашето производство на храна.
Конкретно за оризопроизводството, за 300 отсто ги зголемивме субвенциите за производство на ориз. Денес имаме највисока историска откупна на оризот која што се движи од 36 и 38 денари за откупен килограм.
● Навременогиисплативмесубвенциитезаполјоделцитеиза 2 364 производителинаориз, адобијаизеленанафтасозголемен износ од 1 600 денари по хектар;
● Воведовмепосебнамерказанабавканакомбајнизажнеењенаориз, какоимобилнисушаризаориз;
● ВоведовменовамеркаодПрограматазарураленразвој, сокојаимпомагаменаоткупувачитеипреработувачитенабелоризда го зголемат извозот и да ги намалат трошоците за амбалажа која што е мерка воведена прв пат во нашата држава;
● Оризоватаарпадостигнанајвисокарекорднаоткупнаценакојаседвижиод 36 до 38 денариивчерасеисплатија 32 милиониденари (520 000 евра) кон 1 036 оризопроизводители за дополнителните 3 денари по килограм за произведена и предадена оризова арпа во преработувачки капацитет.
Ова се мерки за вистинска грижа во услови на криза, им посакувам успех на компанијата „Левиди Агро Дооел“ и да продолжат да вработуваат и да освојуваат нови пазари“.