Премиерот Ковачевски во посета на Богданци и Демир Капија

На ден, 12.06.2023 година (понеделник), претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски заедно со министерката за животна средина и просторно планирање, Каја Шукова ќе ја посетат Општина Богданци. 

Во 12:00 часот предвиден е увид на почеток на проект за реконструкција на водоводна мрежа во Богданци.

Во 14:30 часот, премиерот Ковачевски заедно со министерот за транспорт и врски Благој Бочварски, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Ејуп Рустеми и директорот на ЈП „Македонија пат“, Костадин Ацевски ќе извршат увид на рехабилитација на пат во Демиркапискиот регион.

Календар Влада: 
Понеделник, Јуни 12, 2023 - 00:00 to 23:45