Азир Алиу на Светскиот самит за Отворено владино партнерство: Дигитализацијата значително ги намалува можностите за корупција“

Министерот Азир Алиу кој се наоѓа во официјална посета во Естонија, учествуваше на Светскиот Самит за Отворено Владино Партнерство (Оpen Government Partnership). 

Во рамки на Самитот, министерот Алиу учествуваше на Тркалезната маса на тема: „Поддршка на лидерството и катализирање на глобалната акција против корупцијата“. 

,,Технологијата е исклучително моќна алатка во борбата против корупцијата. Развојот на платформи и апликации значително помага во подобрувањето на транспарентноста на владините процеси. 

Корупцијата не познава граници, затоа е неопходна меѓународна соработка. Одлуките и активностите преземени на глобално ниво можат да имаат големо влијание во борбата против корупцијата“, - изјави министерот Алиу.