Прес-конференција на министерката за култура, Костадиновска-Стојчевска и заменик-претседателот на Владата, Битиќи

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на 12 септември 2023 година (вторник) во 11:45 часот, во Медија -центарот на Владата ќе одржи прес-конференција, заедно со заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

На прес-конференцијата, меѓу другото, ќе стане збор за проектот за реновирање и уредување на новиот простор наменет за новата Национална установа Оркестар за џез-музика на Република Северна Македонија, со средства што се обезбедени преку програмата ТАВ.

Прес-конференција на македонски јазик
Прес-конференција на албански јазик

 

Календар Влада: 
Вторник, Септември 12, 2023 - 11:45 to 13:00