Министерот за економија Крешник Бектеши, денес оствари средба со министерот за економија и планирање на Кралството Саудиска Арабија, Н.Е. Фаисал Алибрахим.
На средбата беше констатиран позитивниот развој на односите помеѓу двете земји, како и можностите за продлабочување на билатералната соработка.
Министерот Бектеши на својот колега, министерот за економија и планирање на Саудиска Арабија му ги пренесе макроекономските резултати кои ги оствари Република Северна Македонија во изминатиот период како и можностите и потенцијалите за инвестиции во нашата земја.
Двајцата соговорници се согласија дека за продлабочување на економската и трговската соработка помеѓу двете земји, во наредниот период е неопходно да се потпише договор за економска соработка помеѓу Северна Македонија и Саудиска Арабија со кој ќе се постави основ за натамошно продлабочување на односите помеѓу двете земји, како и можност за организирање на бизнис форум помеѓу инвеститори и компании од двете земји.
На средбата двајцата соговорници разменија мислења за можните полиња за идна соработка со што ќе се интензивира развојот на економските односи помеѓу двете земји.