Премиерот Ковачевски на настан за доделување изводи на неевидентирани лица во матична книга на родени
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски на 19.12.2023 година (вторник) во 10:30 часот ќе присуствува и ќе се обрати на настан по повод доделување на изводи на лица кои досега не биле евидентирани во матична книга на родени.
На настанот ќе присуствуваат и министерот на правда, Кренар Лога, директорот на Управата за водење на матични книги, Емир Сулејмани и претседателка на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, Соња Мираковска.
Календар Влада:
Вторник, Декември 19, 2023 - 10:30 to 11:30