Претседателот на Собранието Митревски и министерот Бочварски во посета на струшкото село Вишни - Инвестираме во инфраструктурата за да обезбедиме подобри услови за живеење и развој на општините

Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Јован Митревски и министерот за транспорт и врски Благој Бочварски во рамки на работната посета во Струга денеска се сртенаа со жителите на населеното место Вишни. .

Тие извршија увид во рехабилитираниот пат до село Вишни во должина од 6 километри и инвестиција од 38 милиони денари, средства обезбедени преку ЈП за оддржување на магистрални и регионални патишта. 

„Резултатите се видивли и граѓаните тоа го потврдуваат. Нашата работа е насочена токму кон подобрување на условите за живеење на граѓаните и тоа веќе на терен е видливо. Овие инвестиции во капитални проекти мора да продолжат и во следниот период за бенефитот да го уживаат граѓаните. Овој патен правец беше неоходен, беше барање на жителите и со заеднички сили успеавме да го рехабилитираме за да можат сите жители да добијат подобри услови и побезбеден сообраќај. Грижата кон граѓаните е на прво место и нашите политики се наосчени токму кон сите граѓани“ – истакна претседателот на Собранието, Јован Митревски.

Министерот Бочварски потенцираше дека централната власт во континуитет инвестира во сите населени места за да го подобри животниот стандард и да ги помогне општините.

„Вишни и многу други населени места како Вишни сега имаат подобри и поквалитетни услови за живеење. И тоа е она што сакаме да го постигнеме со инвестиции во капиталните проекти. Капиталните инвестиции минатата година го достигнаа рекордното ниво од над 700 милиони евра. Тоа е показател дека државата инвестира во сите региони. Жителите од Вишни добија нов реконструиран пат и така е во сите региони. Инвестираме во патишта, во канализациони и водоводни системи, инвестираме во капитални добра со кои обезбедуваме подобри услови за живеење. И така е во континуитет. Она што е уште поважно е тоа што оваа година капиталните ги проектиравме на ниво од над 730 милиони евра што само по себе говори дека и оваа година ни претстои силна инвестициона активност “ – изјави министерот Бочварски.