Премиерот Џафери го посети и Меморијалниот центар во Преказ

Денес, претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Талат Џафери, во рамките на посетата на Колеџот ААБ во Приштина, беше и во гратчето Преказ, каде што се наоѓа Меморијалниот центар „Адем Јашари“, за да оддаде и лична почит со положување на свежо цвеќе на гробовите на жртвите чии што посмртни останки се наоѓаат таму. 

Станува збор за скоро 56 членови на семејството Јашари, кои на 5, 6 и 7 март 1998 година беа убиени на прагот на своите домови, во борбата за слобода и независност на татковината. Воедно, премиерот Џафери ги посети и дел од членовите на семејството Јашари кои се жив спомен за тие исклучително важни, но и болни денови од историјата на Република Косово. 

Тоа се датумите кога се одбележува и Епопејата на ОВК и овој Меморијален центар е местото кон кое се упатуваат огромен број на граѓани и иселеници кои ја оддаваат својата почит кон овој потсетник на борбата за слобода.