Игор Филков

Функција: 
Министер за правда
Фејсбук страница: 
Твитер профил: 
Инстаграм профил: 
Фотографија: 
Биографија: 

Игор Филков е консултант со богата кариера во приватниот и невладиниот сектор. Роден е на 7 јуни 1979 година во Скопје.

Филков завршува високо образование на Правниот факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде што се стекнува со титулата дипломиран правник. 

Неговиот професионален развој започнува во 1993 година, кога се приклучува на НВО Солидаритес Интернационал во локалната канцеларија во Македонија за Косово, каде што работи до 2003 година. Во 2004 година, Филков станува надворешен соработник на проект на UN FАО во Скопје, позиција која ја извршува до 2007 година.

Од 2010 до 2013 година, Филков работи и како консултант, а во 2017 година станува и управител на приватна компанија.

Филков е познат по своите делегациони способности и организација на системи, како и по својата способност да координира, води и надгледува различни политики, програми, проекти и буџети. Неговото искуство на позиции каде што комуникацијата и преговарањето се од големо значење, му овозможуваат да се справува со различни ситуации каде што тимската работа е од суштинско значење.

Игор Филков течно говори англиски јазик.