Заменик претседателот на Владата Фетаи на средба со амбасадорот на Франција, Сирил Бомгартнер

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија, задолжен за политики на добро владеење, Арбен Фетаи, денеска го прими амбасадорот на Република Франција, неговата екселенција Cyrille Baumgartner , во куртоазна посета.

На средбата беше потврдена посветеноста на Владата на Република Северна Македонија за европските интеграции на земјата и за реформите во владеењето на правото, како и безрезервната поддршка на Република Франција во интегративните процеси.