Претседателот на Владата Мицкоски на средба со Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III

Во Лондон остварив средба со НВ Кралот на Обединетото Кралство, Чарлс III. 

Средбата се одржа во пријателска и конструктивна атмосфера, при што дискутиравме за повеќе важни прашања, вклучувајќи ги билатералните односи меѓу двете земји и можностите за натамошна соработка во различни области.

Оваа средба претставува значајно признание за Македонија и е потврда за зајакнатата соработка и пријателство со Обединетото Кралство.