Мицкоски: Сериозно се работи за развој и регулација на крипто пазарот, со тоа ќе се обезбедат повеќе пари на пазарот и прилив во буџетот

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање дека ветувал развој и регулација на крипто пазарот, дали планирате нешто во иднина, рече дека веќе сериозно се работи, како и дека дел од посетите на луѓето кој што дојдоа и од САД и од други земји од Европа се со фокус на таа тема.

Па да, веќе работиме сериозно. Дел од посетите на луѓето кој што дојдоа и од САД и од други земји од Европа се со фокус на таа тема и во периодот кој што ќе следи, ќе излеземе и со законска регулатива со која што сето ова ќе биде регулирано, ќе значи повеќе пари, приливи во буџетот, кои што ќе можеме да ги користиме за капитални проекти, истакна премиерот Мицкоски.