[Најава] Претседателот на Владата Мицкоски ќе се обрати на 20тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите

Почитувани, Ве известуваме дека денеска 21.10.2024 година (понеделник) претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски заедно со директорот на Технолошко индустриските развојни зони Гоце Димовски е во посета на Салцбург, Австрија каде има панел и излагање на 20тиот Европски самит во Салцбург посветен на Европската Унија и реформите на овој пат.

Настанот е во организација на Институтот на регионите на Европа (IRE), Европскиот конгрес со околу 700 гости и над 60 говорници од цела Европа се одржува годинава по 20-ти пат под мотото „ЕУ: Нема иднина без реформи".

Во текот на утрешниот ден се очекува средби во Австрија на премиерот Мицкоски со австрискиот министер за надворешни работи Александар Шаленберг и претседателот на Австрија Александер Ван дер Бален.

Со почит,

Календар Влада: 
Понеделник, Октомври 21, 2024 - 09:30