[Најава] Амбасадорот Рокас ќе му го врачи Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија за 2023 година на премиерот Мицкоски

Почитувани, Ве известуваме дека денеска 30.10.2024 година (среда) во 16:00 часот, Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски денеска ќе го прими амбасадорот Михалис Рокас, шеф на Делегацијата на Европската Унија во Република Северна Македонија.

На средбата, амбасадорот Рокас на претседателот на Владата Мицкоски ќе му го врачи Извештајот за напредокот на Република Северна Македонија за 2023 година, подготвен од Европската комисија“.

Предвидено е заедничка прес конференција за медиуми да одржат претседателот на Владата Мицкоски и амбасадорот Рокас во Медија центарот на Владата.

Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи заедничката прес конференција.

Со почит,

Календар Влада: 
Среда, Октомври 30, 2024 - 16:00 to 17:00