[Најава] Претседателот на Владата Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на три патни правци во Општина Велес
Почитувани, Ве известуваме дека утре 09.11.2024 година (сабота) во 12:00 часот претседателот на Владата на Република Северна Македонија Христијан Мицкоски ќе изврши увид на градежни активности на трите патни правци, од мостот Башино село до Вулканизер Дине, од Вулканизер Дине до Речани, и од мостот Гемиџии до Лукоил во Општина Велес.
Градежните зафати ги изведува Македонија пат – Подружница Велес, а вкупната инвестиција е 44 милиони денари.
Потоа, претседателот Мицкоски ќе изврши увид на спортската сала и спортските терени во ООУ Васил Главинов.
Спортската сала заедно со соблекувалните и тоалетите се реконструираше со финансиски средства од Министерството за образование и наука и вкупната инвестиција е во износ од 10 милиони денари.
Надворешните спортски терени опфатија целосна реконструкција на фудбалското игралиште, второто фудбалско игралиште со вештачка трева, кошаркарско игралиште со најсовремена подлога одобрена од FIBA, како и изведба на нова фитнес зона во рамки на овој комплекс. Вкупната инвестиција е 7 милиони денари.
Предвидено е изјава за медиуми да даде претседателот на Владата Мицкоски во близина на бензинска пумпа Лукоил во Општина Велес.
Го покануваме Вашиот медиум да ја проследи изјавата.
Со почит,