Дурмиши: Исплатена финансиска поддршка на организации на потрошувачи, фондации, занаетчиски комори и акредитација на лаборатории од програмите на Министерството за економија и труд

Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, денеска додели финансиски средства на организациите на потрошувачи за спроведување на Програмата за заштита на потрошувачите, Програмата за кофинансирање проекти за развој и унапредување на претприемништвото и занаетчиството, програмските активности на мрежите на бизнис занаетчии како и Програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествената одговорност.
1.Министерството за економија и труд, согласно Јавниот Повик за доделување средства за реализација на програми (проекти) на здруженијата на потрошувачи, има распределено финансиски средства до организациите на потрошувачи во различни градови во државата. Доделените средства се за:
Организација на потрошувачи на Охрид: 350.000,00 денари;
Организација на потрошувачи од Битола: 350.000,00 денари;
Организација на потрошувачи на Кочани: 319.500,00 денари;
Организација на потрошувачи на Штип: 300.000,00 денари;
Организација на потрошувачи Тетово: 340.000,00 денари;
Организација на потрошувачи на Македонија-Скопје (ЗКМ): 340.200,00 ден.
Во рамките на Програмата за развој на претприемништвото и конкуренцијата на малите и средни претпријатија, како и за поттикнувањее развој и унапредување на претприемништвото и конкуренцијата на претпријатијата, Министерството за економија и труд реализира  кофинансирање на проекти на фондации и здруженија поврзани со нефинансиската поддршка за развој на бизнис и конкуренција, за  кофинансирање на проекти на здруженија, фондации и занаетчиски комори за развој и промовирање на занаетчиите  и сл. како и кофинансирање на проекти за занаетчиски дејности.
За сите три мерки е предвидено кофинансирање 70% од трошоците на проектот, но не повеќе од 350.000 денари по апликант, а по реализирање на програмата ќе бидат доделени субвенции за 26 проекти со вкупна вредност од 6.132.240 денари.
Во рамки на Програмата за поддршка на конкурентноста на преработувачката индустрија и општествената одговорност, Министерството за економија и труд реализира мерка за  надоместување на дел од трошоците за акредитација на лаборатории, се предвидува проширување на опфатот на акредитација на постојните лаборатории за испитување или набавка на опрема за лаборатории за пуштање на пазарот безбедни квалитетни производи.
Во рамките на оваа мерка е предвидено кофинансирање на трошоците  од 50% од сумата не повеќе од 400.000 денари за секој апликант. Проценетата вкупна вредност е 3.000.000 денари. Корисници на оваа шема се 11 лаборатории.
Кај мерката надоместок на дел од трошоците за одржување и спроведување на прифатливи социјални практики на деловните субјекти, вкупната вредност на средствата е 2.000.000 денари, а Министерството за економија и труд кофинансираше 8 компании.
Имајќи ги предвид потребите на компаниите, Министерството за економија и труд и во иднина ќе продолжи со спроведување на мерки и активности насочени кон подобрување на конкурентноста на Министерство за економија и труд . Списокот на корисници е веќе достапен на веб-страницата на министерството.