Министерот Дурмиши на средба со амбасадорот на Бугарија Жељазко Радуков: Северна Македонија и Бугарија имаат плодна економска соработка

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши оствари денеска средба со амбасадорот на Бугарија во Северна Македонија, Жељазко Радуков. Северна Македонија и Бугарија имаат плодна економска соработка. Министерот Дурмиши истакна дека: Република Бугарија е еден од најважните трговски партнери на Република Северна Македонија и во 2020, 2021, 2022, 2023 и 10-те месеци на 2024 година се наоѓа на 6-то место на листата на земји со кои Северна Македонија остварува најголем обем на трговска размена. Очекувам преку понатамошна плодна економска соработка уште повеќе да ги подобриме економските релации меѓу двете земји.