Градиме нови автопати, создаваме модерни транспортни коридори- вицепремиерот Николоски ја презентираше амбициозната агенда за развој пред Асоцијацијата на Балкански комори

Започнавме амбициозна агенда за инфраструктурен развој со цел да ја искористиме стратешката позиција како крстосница на Балканот за да донесеме економски бенефит за државата и регионот, се обрати вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски на Генералното собрание на Асоцијацијата на Балкански комори што денеска се одржа во Скопје.    
На Собранието, тој ја презентираше владината програма за развој на инфраструктурата во делот на патната и железничката мрежа. Истакна дека Владата засилено работи на изградба и модернизација на двата паневропски коридори 8 и 10 како и на кракот 10 д.
“Само во јануари ставивме во функција 42 км експресни патишта, a очекувам во периодот што следи да ставиме во функција уште најмалку 10 км експресни патишта и 40 км автопат. Исто така очекувам оваа година да отвориме фронт за работа за уште 67 километри автопат. Во месец февруари  да започнеме со изградба и на автопатот Тетово – Гостивар,  така да целиот западен дел на коридор 8 да се работи. Во делот на коридор 10 д, ставивме во функција еден дел од експресниот пат Прилеп - Градско, во следните два месеци очекуваме и вториот дел да го ставиме во функција. Минатата есен започнавме со изградба на автопат Прилеп – Битола, а оваа година очекувам да најдеме решение и за обиколница за Битола” истакна вицепремиерот Николоски.
Тој додаде дека се работи и на проектирање за експресен пат Куманово до Страцин, а во делот на коридор 10 се работи на проектирање на нова патна врска од Гевгелија преку Струмица до границата со Бугарија.
“ Во делот на коридор 10 работиме на изнаоѓање на финансиски средства за изградба на брза пруга по целиот коридор како дел од европскиот коридор 10 кој оди од Атина до Виена и за брзо време ќе споделиме добри информации за овој проект. Тоа би било решение за брза пруга до 200 км за час за патнички и 120 на час за карго сообраќај. Со ова ќе ги отвориме јужните пристаништа кон Централна Европа” - истакна вицепремиерот Николоски.
Во своето обраќање тој потенцира дека политиките во авиосообраќајот донеле нови 9 дестинации, а во однос на брзиот транспорт на граничните премини додаде:  
“Веќе постигнавме договор со Грција за сериозно зголемување на граничниот премин Богородица до 12 ленти, исто така со Србија имаме интензивна комуникација да создадеме целосна функционалност со “One Stop Shop”, oчекувам до месец април со Косово да имаме “One Stop Shop”, а во однос на граничните премини Ќафасан и Деве Баир, интензивно работиме на нивно проширување и модернизацијa”- истакна вицепремиерот Николоски.
Со почит