Јавен oглас Бр.07/2025 за именување на директор на КПУ Затвор Тетово

Институција која огласува: 
Генерален секретаријат на Владата на Република Северна Македонија
Рок на пријавување: 
11.02.2025

Врз основа на член 30 од Законот за извршување на санкциите (''Службен весник на Република Северна Македонија бр. 99/2019, 220/2019, 236/2022 и 74/2024), Владата на Република Северна Македонија објавува

 

ЈАВЕН ОГЛАС Бр.07/2025

за именување на директор на KПУ Затвор Тетово

 

1. Владата на Република Северна Македонија, ќе именува директор на Казнено - поправна установа Затвор Тетово, на предлог на директорот на Управата за извршување на санкции, за време од четири години со право на повторен избор.

 

2. За директор на Казнено - поправна установа Затвор Тетово, може да бидe именуванo лицe кое ги исполнува следните услови:

1)   да е државјанин на Република Северна Македонија;

2)   активно да го владее македонскиот јазик;

3)   да е работоспособен и да има општа здравствена способност;

4)   во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;

5)   има стекнати најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;

6)  да има најмалку седум години работно искуство, од кои четири години во областа на извршувањето на санкциите или сродни работи и

7)   познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски јазик) кое се докажува со сертификат од надлежна институција.

 

3. За директор на Казнено - поправна установа Затвор Тетово, може да бидe именуванo лицe кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf 

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni...

 

4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:

1)   Пријава по оглас;

2)   Кратка биографија;

3)   Мотивациско писмо;

4)   План и програма за идна работа;

5)   Уверение за државјанство;

6)  Доказ дека активно го владее македонскиот јазик;

7)   Доказ дека е работоспособен и да има општа здравствена способност;

8)  Доказ дека во моментот на именувањето со правосилна судска пресуда не му е изречена казна или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;

9)  Диплома или уверение за завршено високо образование со стекнати најмалку 240  кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;

10) Доказ за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски јазик) кое се докажува со сертификат од надлежна институција.

 

5.   Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до архивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување директор на КПУ Затвор Тетово“. 

 

6.   Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.

7.   Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).

8.   Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.65/2024, 163/2024, 184/2024, 192/2024, 196/2024 и 227/2024).

9.   Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 5 (пет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.

10. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.

11. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.

 

Пропратни документи: