Јавен oглас Бр.09/2025 за именување на капетан на Капетанија на пристаништата
Врз основа на член 289 од Законот за внатрешната пловидба („Службен весник на Република Македонија“ бр. 55/07, 26/09, 22/10, 23/11, 53/11, 155/12, 15/13, 137/13, 163/13, 42/14, 166/14, 146/15, 193/15, 31/16 и 64/18 и „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 122/21 и 224/24), и член 27 став (3) и став (4) и член 28 од Законот за инспекциски надзор („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.102/2019 , 272/2024 и 22/2025), Владата на Република Северна Македонија објавува
ЈАВЕН ОГЛАС Бр.09/2025
за именување на капетан на Капетанија на пристаништата
1. Владата на Република Северна Македонија, ќе именува капетан на Капетанијата на пристаништата, кој функцијата ќе ја извршува професионално, со мандат од четири години, со право на уште еден избор.
2. За капетан на Капетанијата на пристаништата, може да биде именувано лице кое:
1) има државјанство на Република Северна Македонија;
2) во моментот на именување со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
3) има стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
4) има најмалку пет години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област;
5) поседува уверение, сертификат или друг документ за положен испит за познавање на еден од четирите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски и италијански) на ниво Б2 од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга и
6) поседува потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
3. За капетан на Капетанијата на пристаништата, може да биде именувано лице кое покрај условите наведени во точка 2 од огласот треба да ги исполнува и дополнитените критериуми кои се наведени во пријавата достапна на следниот линк:
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/prijava_za_oglas_1.pdf ,
https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/struktura_na_dopolnitelni...
4. Со пријавата кандидатите задолжително треба да ја достават следната документација:
- Пријава по оглас;
- Кратка биографија;
- Мотивациско писмо;
- План и програма за идна работа;
- Уверение за државјанство;
- Доказ дека во моментот на именување со правосилна судска пресуда не му е изречена казна затвор или прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност;
- Диплома или уверение за завршено високо образование и стекнато најмалку 240 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен;
- Доказ дека има најмалку пет години работно искуство по дипломирањето, во соодветната област;
- Уверение, сертификат или друг документ за положен испит за познавање на еден од четирите најчесто користени јазици на Европската Унија (англиски, француски, германски и италијански) на ниво Б2 од Европската референтна рамка за јазици, издадени од установа или институција во државата или од странство, регистрирана како давател на оваа услуга и
- Потврда за активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење.
5. Документите од точка 4 треба да бидат поднесени во оригинал или копија заверена на нотар и истите се доставуваат до aрхивата на Владата на Република Северна Македонија или по пошта на адреса: Влада на Република Северна Македонија бул. „Илинден“ бр.2, 1000 Скопје со назнака: „За јавен оглас за именување капетан на Капетанијата на пристаништата“.
6. Бараните документи не ги супституираат досегашните форми определени со Законите и подзаконските акти под надлежност на МJА и посебните Закони кои ги определуваат општите и посебните услови за избор/именување.
7. Бараните документи можат да бидат јавни (на web страницата) на Институцијата за кандидатот/ката кои се избрани/именувани, а во функција на транспарентност и следење на исполнување на истите од страна на надзорните органи (Влада, Собрание, Надзорните Одбори и слични тела).
8. Коефициентот за пресметување на плата: е утврден согласно Одлуката за утврдување на коефициенти за пресметување на платата на функционерите кои ги именува Владата на Република Северна Македонија („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.65/2024, 163/2024, 184/2024, 192/2024, 196/2024 и 227/2024).
9. Рок за пријавување на заинтересираните кандидати е 15 (петнаесет) дена, сметано од денот на објавувањето на огласот во дневниот печат.
10. Огласот ќе биде објавен и на веб страницата на Владата на Република Северна Македонија.
11. Некомплетната документација и документацијата доставена по истекот на рокот за аплицирање нема да биде разгледувана.