Првиот заменик претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити придружуван од заменик министерката Ане Лашкоска, денеска беше во работна посета на општина Свети Николе, каде заедно со градоначалникот Дејан Владев направија обиколка на локацијата на која се гради фекална канализација во с. Мустафино, во должина од 8 километри.
Проектот за изградба на фекалната канализација во с. Мустафино е повеќегодишен и е финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање.
„Она што сакам да го истакнам е дека проектот се реализира и побрзо од предвидената динамика. Степенот на реализација на градежните работи изнесува 82 проценти од целокупниот проект“ изјави Меџити и информираше дека во оваа општина и преку Европската инвестициска банка ќе се инвестираат средства во водоводната инфраструктура.
Градоначалникот Дејан Владев се заблагодари на огромната помош добиена како од министерството така и од Владата, а информираше дека општина Свети Николе на новиот повик од Владата ќе аплицира со проект за водоводна мрежа во м.в. Кнежевски пат, со што ова општина трајно ќе го реши проблемот со водоснабдувањето и ќе обезбеди современи услови за живот на населението.